Македонија
Прекршочни пријави за 20 навивачи на Тетекс и Шкендија

Прекршочни пријави за 20 навивачи на фудбалските клубови Тетекс и Шкендија, како и против двата фудбалски клубови, соопштува МВР.Пријавите следуваат по инцидентите што се случија на трети овој месец по натпреварот меѓу двата тетовски прволигаши.
Од 20-те навивачи, против кои ќе следуваат пријави, 18 се навивачи на „Шкендија“, а двајца на „Тетекс“.
„Фудбалските клубови Тетекс и Шкендија се пријавуваат дека ги прекршиле одредбите нa Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари“ се вели во соопштението на МВР.Нетрпението меѓу навивачките групи „балисти“ на Шкендија и „војводи“ на Тетекс беа присутни за време на самиот натпревар, но најголемите инциденти избија по натпреварот.
Се фрлаа камења кон специјалците, а беа демолирани и неколку дуќани. Инцидентот што се случи во Кичево, на полувремето на натпреварот меѓу Шкендија и Напредок,кога беше симнато македонското знаме, а беше поставено албанско, се уште не е целосно расчистен.
МВР поднесе кривична пријава за еден тетовец кој се сомничи дека поставил знамиња на Албанија. Сè уште е непознат сторителот што го симнал државното знаме од јарболот на стадионот.
Полициската станица од Кичево поднесе и прекршочни пријави против 11 лица од кои пет се членови на навивачката група „Балисти“, а шест од навивачката група „Ѓаоли“. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.