Свет
Уапсен водачот на перуанските индијанци
Лидерот на амазонските индијанци и претседател на меѓуетничката асосијацијза за развој на перуанските рурални области, Алберто Писаенго, ооомничен за минатогодишните немири во северно Перу, бил уапсен на аеродромот во Лима по пристигнување од Никарагва каде му беше даден политички азил
Алберто Писанг во родното Перу беше баран по обвинение за органзирање на безредијата од јуни 2009 г. кога во регионот Амазонас протестираа илајдници локални жители. Во судирите со полицијата загинаа 24 полицајци и девет перуански индијанци, а повеќе од сто лица биле ранети, според официјалните тврдења на властите во Перу. По ова перуанската влада издаде налог за апсење на Писаенго, кој го товари како главен организатор на немирите, по што тој се соочува со 35-годишна затворска казна. „Информациите дека Писаенго е лишен од слобода се вистинити. Тој ќе ја мине ноќта во притвор а во четврток наутро ќе биде изведен пред суд“, изјавил адвокатот на лидерот на перуанските индијанци, Марко Барето, за Reuters.Амазонските индијанци бараат од владата на Перу да укине голем број закони кои на странските компании им овозможуваат располагаат со природните ресурси од овој регион, тврдејќи дека со тоа се нарушува стабилност на еко-системот во целиот регион.Демонстрациите во кои има жртви веќе предизвикале неколку смени на министри во перуанската влада.Според тврдењата на перуанските домородци и пишувањата на западните медиуми минатогодишниот јуни, перуанската полиција извршила масакр врз амазонските индијанци кои протестирале против уништувањето на нивните домови. Британските медиуми тогаш објавија и снимки од убиствата.Заради информативната блокада досега во меѓународната јавност имаше само шпекулации за бруталноста на перуанската полиција врз припадниците на племињата Агуарана и Вампа. Според фотографии од демонстрациите, меѓународните хуманитарни организации сметаат дека има најмалку шеесетина жртви. Властите од Лима говореа за 32 убиени лицеа, од кој 23 биле полицајци.Фотографиите кои биле доставени до хуманитарните организации и медиумите ги снимиле членови на фламанска организација Катапа, кои се борат за зачувување на домородните племенски заедници во јужна Америка. Нивните сведоштва заборуваат дека полицијата врз демонстрантите употребила солзавец, стрелал на нив,а кога индијанците почнале да бегаат полицајците стрелале во нив од задгрб и ги претепувале оние кои ќе ги фателе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

