Македонија
Кривична пријава за шумар – примал откуп
Вработен во шумското стопанство „Бабуна“ од Велес доби кривична пријава поради примање поткуп, соопштуваат од МВР.
Вработен во шумското стопанство „Бабуна“ од Велес доби кривична пријава поради примање поткуп, соопштуваат од МВР.
Шумарот му побарал на друг велешанец 150 евра за да сведочи во негова полза во судски процес што се водел против него и во кој бил обвинет за бесправна сеча на шума.
На 14 овој месец велешанецот бил фатен при кражба од страна на шумските службеници. Двајцата велешани се сретнале во кафеаната „Хајдук“ кај велешката автобуска, каде шумарот му побарал на другиот велешанец 150 евра за да сведочи во негова полза.
Случајот го пријавил во полиција и бидејќи работел во Скопје обележаните пари му ги дал на неговиот братучед од Велес за да му ги даде на шумарот.
Шумарот е приведен и кај него се пронајдени обележаните пари. Против него ќе следи кривична пријава за примање поткуп./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Стефковски: Зимските екипи од ноќва го чистат снегот
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи инфоримраше дека поради снегот службите на локалната самоуправа делуваат на терен.
„Ноќва во 03:00 часот ме информираа дека на делови во општината има врнежи од снег по што ги задолжив екипите да излезат и да делуваат на терен. Веќе три часа во тек се активности за расчистување на снегот од улиците во планинскиот дел на општина Гази Баба. Сол и ризла се фрлени на пристапните улици до Раштак, Булачани, Црешево, Смилковци, Виниче, Страчинци и Брњарци. Едноставно, сите утврдени кризни точки се опфатени! Безбедноста на граѓаните е наш приоритет! Кризниот штаб ќе продолжи да делува на терен се додека тоа е потребно“, напиша Стефковски.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, стопирано движењето кај Башино Село
Од утринава, забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и Гостивар – Стража се укинати, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, а на одредени делови на патиштата се присутни влажни коловози.
Исто така, од Авто мото сојузот потсетуваат дека од вчера сообраќајот е во целосен прекин во близина на Башино Село, кај мостот, и дека овој прекин ќе трае подолг временски период.
Македонија
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово според податоците од УХРМ најстудено беше на Попова Шапка со измерени -6 степени, потоа во Маврови Анови -4, -1 Скопје Петровец, Куманово, Лазарополе, 0 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Тетово, Крушево, Крива Паланка, Прилеп, Виница, 1 Штип, Велес, Берово, 2 Струмица, Демир Капија, Кавадарци, 3 Битола, Охрид, 4 Гевгелија, 5 Претор.
Висината на снежна покривка во 07 часот изнесувала 54 сантиметри на Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 14 Крушево, 5 Лазарополе, 2 Тетово.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Облачно со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на повисоките и на планините со врнежи од снег, пообилни во западните делови. На планините снежната покривка се зголеми, а помала снежна покривка има и во некои пониски места. Дуваше умерен, долж Повардарието засилен северен ветер (наместа над 55 км/час).
Времето денеска
Во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.