Македонија
„ВИП“ нуди поволности за припејд пакетите
Нови поволностина своите припејд корисници, од денеска нуди мобилниот операторот „ВИП“.
Нови поволностина своите припејд корисници, од денеска нуди мобилниот операторот „ВИП“.
Услугата која трае од 13 декемвригодинава до 31 јануари 2009, им нуди можност на сите нови и постојани припејдкорисници да изберат три пријатели со кои ќе зборуваат за нула денари поминута.
Активирањето на услугата е бесплатнаи важи за три броја од мрежата на ВИП, или два броја од мрежата и еден број одфиксната телефонија.
/крај/со/мс
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија
Како претседател на Собранието мојата главна одговорност е да ги почитувам и спроведувам Деловникот и неговите процедури, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши, за случајот со Илире Даути.
„Во овој контекст, интерпелацијата на претседателот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, беше спроведена во целосна согласност со Деловникот, законите и Уставот. Важно е да се напомене дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци“, соопшти Гаши.
Според него, прашањата, како што се разрешувања или оставки, се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците.
„До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија.
Од процедурална гледна точка ова прашање е решено. Секое друго толкување, освен ова, е едноставно политичка реторика за дневна употреба и нема никаква правна основа, во која јас како претседател на Собранието нема да учествувам“, прецизира Гаши.
Македонија
Гаши – Филипиду: Не можеме да го промениме минатото, но можеме заеднички да работиме на иднината
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.
На средбата беа разменети мислења за можностите на унапредување на билатералната парламентарна соработка на сите нивоа, но и за евентуалните потреби од преземање чекори за збогатување на соработката на други полиња од заемен интерес меѓу двете држави.
Амбасадорката Филипиду информираше за актуелните случувања во Република Грција и постапката за избор на претседател на државата, кој, согласно Уставот, се врши со избор во Грчкиот парламент. Изрази очекување дека по заокружувањето на овој процес, ќе може да се посвети повеќе внимание на отпочнување подинамична соработка со грчките колеги.
Претседателот Гаши, поздравувајќи го одржувањето на оваа средба, ја искажа својата целосна отвореност за заемни посети со хомолозите од Грчкиот парламент, но и на ниво на комисии и групи за соработка кои во текот на сите изминати мандати, изразуваат интерес за конкретна соработка, особено на поле на европските интеграции.
Не можеме да го промениме минатото, но можеме заеднички да работиме на иднината, заклучи претседателот Гаши.
Македонија
Гаши – Матијасен: разменети мислења за придвижување на пристапниот пат на државата во ЕУ
Претседателот на Собранието Африм Гаши, се сретна со специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Ерик Матиасен. На средбата присуствуваше и нерезидентната норвешка амбасадорка, Кристин Мелсом.
Двајцата соговорници ги поздравија одличните политички односи и пријателство, нагласувајќи дека тие се допoлнително зајакнати и преку членството во НАТО.
Претседателот Гаши истака дека назначувањето на специјален пратеник за Западен Балкан го покажува интересот кој норвешката влада го посветува на регионот. Тој се заблагодари и за силната поддршка што Норвешка, која иако не е членка на ЕУ, поради својата тесна поврзаност со Унијата, ја дава за европските аспирации на Република Северна Македонија.
На средбата беа разменети мислења и за придвижување на пристапниот пат на државата, со оглед што Матиасен има долгогодишно искуство на работа поврзана со односите со Европската Унија.
Беше поздравена и работата на амбасадорите во двете држави кои со своите активности придонесуваат за натамошно интензивирање и унапредување на билатерланите односи и соработка.