Контакт

Свет

Уште кој ќе потоне со Методиј Смиленски?

Објавено пред

Исполнети се сите претпоставки за екстрадиција на контроверзниот бизнисмен Методија Смиленски назад во Македонија, потврдија вчера од белградскиот суд.

dobivaj vesti na viber

ОДОБРЕНА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА КОНТРОВЕРЗНИОТ БИЗНИСМЕН

Исполнети се сите претпоставки за екстрадиција на контроверзниот бизнисмен Методија Смиленски назад во Македонија, потврдија вчера од белградскиот суд. Од македонското министерство за правда велат дека не постои рок за екстрадиција, па затоа не сакаат да прецизираат кога би се случило тоа.

Во белградскиот истражен затвор на Смиленски му биле одредени два нови месеца притвор, а во следниве два дена тој има можност да поднесе жалба пред Врховниот суд во Србија. Во правните кругови едногласно се тврди дека најверојатно Врховниот суд ќе ја потврди одлуката за екстрадиција, донесена од Окружниот суд.

– Жалба се уште не е поднесена. За такво нешто ќе бидеме сигурни дури по истекот на рокот, утре – вели Ивана Рамиќ, портпаролка на окружниот суд во Белград.

По меѓународна потерница Смиленски бил уапсен во Белград на 15 јуни. Тој е поранешен сопственик на банката „Експорт-импорт“ и се гони за фалсификување документи и финансиски проневери тешки триесетина милиони евра. Освен „Експорт-импорт“, под закрила на Смиленски биле и штипски „Мак џинс“, „Картон текс“, „Центро“ и стотици други фирми од Скопје, Берово, Пехчево, Виница, Куманово.

Од фирмите во Овчеполието, катанец има на сите, освен на „Картон текс“, чиј имот е ставен под хипотека.

Отворено останува прашањето кого би повлекол со себе Смиленски

доколку биде екстрадиран во Македонија, со што би се отворила нова судска епизода. Тој се поврзуваше со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што во јавноста на него се гледа како на човек близок и до СДСМ и до ВМРО-ДПМНЕ. Името на Смиленски често го користеше СДСМ во предизборната кампања и го поврзуваше со криминалот на нивните противници.

– Обвиненија засега има против Смиленски и против бившиот гувернер Трпески. За проневерите во НБМ е отворена истрага за криминал од 40 милиони долари, но во интерес на истрагата не можам да кажам ништо повеќе. Набргу ќе има вештачење, а потоа и епилог – вели државниот јавен обвинител Александар Прчевски.

Претседателот Бранко Црвенковски беше најкритикуван дека како премиер од 2002 до 2004 година не го отворил случајот со банката „Експорт-импорт“. Минатата година Смиленски за „Време“ изјави дека банката им давала кредити на повеќе фирми во договор со владите на Бранко Црвенковски и на Љубчо Георгиевски, за кои често гарантирала НБМ, а кредитите се уште не се вратени.

Љубчо Георгиевски, Љубе Трпески, Љупчо Балковски, Ванчо Пеловски, Никола Груевски и Ламбе Арнаудов се само дел од имињата со кои Смиленски бил тесно поврзан.

На кој начин биле поврзани Смиленски и Балковски?

Во 2004 година МВР поднесе кривични пријави против бившиот министер за транспорт и врски Љупчо Балковски и против Смиленски. Во образложението стоеше дека во 2001 и 2002 година Балковски без претходна одлука од Владата, два пати од сметката на Министерството префрлил 150 милиони денари на сметката на банката „Експорт-импорт“. Смиленски му помогнал на Балковски со тоа што не обезбедил гаранција на банкарскиот кредит.

Бирото за стоковни резерви ја зајакна врската на Смиленски со Пеловски.

Во март годинава мерка притвор му беше изречена и на Ванчо Пеловски, поранешен директор на Бирото за стоковни резерви, под сомнение дека во 2001 година фалсификувал и уништувал деловни книги, со што го оштетил Бирото за 308 милиони денари. МВР во март годинава против него поднесе кривична пријава затоа што заедно со Смиленски се обиделе да купат 38 отсто од акциите на битолското претпријатие АД „Жито Битола“ со 332 милиони денари државни пари.

Пеловски се бранеше од слобода, а делото што го сторил Смиленски било изоставено од предметот затоа што тој бил недостапен.

Сомнителен бизнис ја создаде релацијата Смиленски – Арнаудов – Трпески.

Против поранешниот гувернер на НБМ Љубе Трпески, Ламбе Арнаудов, бившиот директор на ЕСМ и против Смиленски, МВР пред две години поднесе кривични пријави затоа што ја оштетиле НБМ за 11,6 милиони долари. Трпески како гувернер на НБМ му овозможил на Смиленски противправно да заработи милиони долари со тоа што му одобрил гаранција за кредит од ЛХБ-банка од Германија за 12 милиони долари и гаранција од австриска банка од 10 милиони долари. Кредитите биле обезбедени со државни девизни резерви со кои управувала НБМ. Трпески тврдеше дека гаранциите ги дал по налог на тогашната влада, и покрај тоа што НБМ е независна институција.

Арнаудов, пак, бил осомничен дека ја злоупотребил положбата затоа што склучил договор за кредит од „Експорт импорт“, иако знаел дека тие пари биле наменети за плаќање долг што оваа банка го имала кон странска банка. Судскиот процес за случајот е во тек.

Од каде произлегува блискоста на Смиленски со Георгиевски и со Груевски?

Владата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во текот на 1999 и во 2000 година ги одобрила гаранциите што ги дала НБМ за банката „Експорт-импорт“, а Никола Груевски во тоа време бил министер за финансии.

Колективната одлука на сите министри од владата на Георгиевски била да се дадат државни пари како гаранција за кредитот што го зела „Експорт-импорт“, иако се знаело дека банката е во лоша состојба. Откако Смиленски не го вратил кредитот, гаранциите паднале на товар на НБМ, чии загуби потоа се покривале од државниот буџет.

Собраниската анкетна комисија во април годинава на испитување ги повика Груевски, Трпески, Георгиевски и Владислав Тамбурковски, поранешниот стечаен управник на „Експорт-импорт“, кој е во бегство, а е обвинет за малверзации во велешка „Топилница“, каде што е поранешен стечаен управник. Поранешниот министер за финансии негирал дека на кој било начин бил вмешан во криминалот на банката, за која НБМ во минатата година имала загуба од 25 милиони евра. Комисијата лоцира виновници, но послужи и за серија политички препукувања.

Најголемиот криминал со шеесетина фирми Смиленски го направил во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а првиот посериозен удар го доби во 2003 година, кога НБМ ги блокира сметките на поголем број негови фирми.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна

Објавено пред

Од

Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.

dobivaj vesti na viber

НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.

Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.

Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.

Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот

Објавено пред

Од

Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.

dobivaj vesti na viber

Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.

Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.

Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.

„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.

 

foto/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи

Објавено пред

Од

Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.

dobivaj vesti na viber

Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.

Тој додаде дека инцидентот се истражува.

Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.

Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.

Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.

Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ8 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија8 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија9 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија10 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија10 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион10 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија11 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија12 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет12 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет12 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа13 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет13 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет13 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа13 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион23 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија23 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...