Свет
Пет партии влегоа во парламентот на Киргистан
Ден откако според податоците на изборната комисија пет партии влегоа во парламентот на Грузија по изборите кои се оценети како главно фер и слободни, почнаа комбинаториките за тоа кои партии ќе ја сочинуваат новата коалициска влада
Во киргистанскиот еднодомниот парламент Жогорку Кенеш влегоа пет партии од 29-те кои се јавија на изборите, односно оние кои успеаја да го минат изборниот праг од освоени пет отсто од вкупниот број гласови.За повеќето аналитичари изненадувачки победник е опозиционата националистичката партија Ата Журт која освои 28 мандати. Оваа партија особено популарна на југот од земјата каде во крвавите судири меѓу Киргистанците и етничките Узбеки во април годинава загинаа околу две илјади луѓе.Една од можните коалиции за формирање влада е договорот меѓу третопласираната лева проруска партија Ар-Намис на поранешниот премиер Феликс Кулов која освои 24 мандати и четвртопалсираната нова партија Республика која освои 23 пратеника а ја предводи нафтениот бизнисмен Омурбек Бабанов. Резултатите укажуваат дека расположението на избирачите во Киргистан е изедначено во однос на партиите. Така, втората партија на Социјалдемократите освои 26 мандати како и левата партија Ата-Мекен која ги обединува противниците на соборениот пролетоска претседател Курманбек Бакиев, која влезе во парламентот со најмалку мандати и ќе има 19 пратеници. Сепак, бидејќи според предизборните анкети повеќето избирачи ги сметаа за најодговорни за проблемите и судирите што дојдоа по бунтот за симнување од власт на Бекиев, малку е веројатно дека тие ќе станат дел од новата владејачка коалиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Сопругата на убиениот Чарли Кирк за последните моменти со него: „Не го бакнав за збогум“
Ерика Кирк, сопруга на убиениот американски активист Чарли Кирк, во емотивно интервју за „Фокс њуз“ зборуваше за нивните последни моменти пред убиството во септември за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута Вали.
Таа се присети дека последната ноќ била мирна и семејна кога нивната ќерка Џиџи им се придружила во креветот, па Чарли заминал да спие во друга соба.
„Му реков: „Оди спиј во нејзината соба, сакам добро да се наспиеш. Ќе го вклучам клима-уредот за да ти биде удобно. Само одмори се за да бидеш подготвен утре.
.Утредента тој влегол во тоалетот тивко, ја зел бурмата и не ја разбудил по што заминал.
„Не го бакнав ни за збогум“, изјави Ерика со треперлив глас.
Ерика често е под лупа на јавноста, а во истото интервју им одговари на критичарите што го анализираат секој нејзин потег. Нејзината реакција дојде откога прегратката со потпретседателот Џ. Д. Венс беше опишана како несоодветна на социјалните мрежи.
„Камерите беа околу мојот сопруг кога беше убиен. Камерите беа околу моите ужалени пријатели и семејството. Камерите беа околу мене анализирајќи го секој мој потег, анализирајќи ја секоја моја насмевка, секоја моја солза“, рече таа.
Свет
Руте: НАТО повеќе не заостанува зад Русија во производството на муниција
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека алијансата го поништила долгогодишниот јаз со Русија во производството на муниција нагласувајќи дека сојузниците сега произведуваат повеќе отколку што произведувале со децении.
Зборувајќи на Индустрискиот форум на НАТО во Букурешт, Руте рече дека „до неодамна Русија произведуваше повеќе муниција отколку сите сојузници на НАТО заедно“, но додаде дека тоа повеќе не е случај бидејќи западните одбранбени индустрии го зголемија производството.
„Сега отвораме десетици нови производствени линии и ги прошируваме постојните. Произведуваме повеќе отколку што произведуваме со децении“, рече тој.
Руте истакна дека силната одбранбена индустрија е клучна за силна алијанса и дека одлуката на лидерите на НАТО на јулскиот самит во Хаг да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година предизвикува големо зголемување на набавката на капацитети од авиони и тенкови до беспилотни летала, муниција, сајбер и вселенски средства.
„Има повеќе пари на маса, а уште повеќе ќе дојдат“, рече тој истакнувајќи дека европските сојузници и Канада значително ги зголемуваат инвестициите.
„Но, секако, само парите не може да обезбедат безбедност. Потребни ни се капацитети, потребна ни е опрема, вистинска огнена моќ и, секако, најнапредна технологија“, додаде тој.
Шефот на НАТО исто така предупреди дека наводната закана од Русија ќе продолжи дури и по војната во Украина и ја истакна растечката одбранбена соработка меѓу Москва, Кина, Северна Кореја и Иран.
„Не можеме да бидеме наивни. Мора да бидеме подготвени“, рече тој повикувајќи на подлабока соработка и побрзи производствени циклуси во рамките на алијансата.
Фото: принтскрин
Свет
„Тој се занимава со избори, а не со војна“: Зеленски критикуван, обвинет дека се обидува да ја спаси сопствената популарност
Зимскиот пакет за поддршка предложен од администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски наиде на остри критики, пишува „Киев индепендент“.
Владата подготвува серија мерки за ублажување на економскиот притисок врз граѓаните додека земјата влегува во уште една тешка зимска сезона обележана со руски напади. Планот вклучува еднократна исплата од 1.000 гривни (околу 24 евра) за сите граѓани, 3.000 километри бесплатно патување со воз во Украина кога не е сезона и дополнителни 6.500 гривни (околу 154 евра) за најранливите групи, како што се внатрешно раселените лица и семејствата со ниски приходи.
Сепак, критичарите се прашуваат дали таквото трошење државни пари додека војната сè уште трае има смисла.
„Нема финансиска логика да му се даваат 1.000 гривни на секој граѓанин, без оглед на околностите, наместо да им се помага на оние на кои навистина им е потребна помош“, изјави Володимир Ланда, раководител на одделот за процена на инвестициите во Советот за економска безбедност на Украина, за „Киев индепендент“ .
Државниот буџет е под притисок
Според процените, најмалку 450 милиони долари ќе бидат издвоени од државниот буџет за програмата. Владата даде спротивставени информации за бројот на граѓани што би можеле да побараат исплата – премиерот споменува 10 милиони, а другите министри наведуваат 15 милиони.
Во посебно соопштение владата објави и 4,4 милијарди гривни (околу 104 милиони долари) за исплата на помош од 6.500 гривни за најранливите. Сè уште не е познато колку ќе чини бесплатниот воз.
„Сите државни приходи одат за финансирање на војната, а буџетот се одржува благодарение на странските партнери, кои нема да бидат задоволни ако Киев ги троши своите средства на овој начин“, предупреди Ланда. „Ова не е ефикасен начин за трошење пари. Само на оние на кои навистина им е потребна помош треба да им се помогне“.
Пакетот доаѓа во време кога Украинците очекуваат тешка зима со можни прекини во снабдувањето со електрична енергија и нови руски напади врз енергетската инфраструктура. Стапката на сиромаштија во земјата се искачи на 37 проценти. Во исто време, незадоволството на јавноста расте поради слабите подготовки за одбрана на енергетскиот систем.
„Ова е катастрофален популизам“, изјави за „Киев индепендент“ пратеникот на партијата Холос, Јарослав Железњак, оценувајќи дека владата се обидува да ја врати популарноста.
„Владата гледа кон изборите, а не кон бојното поле“
Сличен став изрази и Јевген Махда, извршен директор на Институтот за светска политика, кој тврди дека владата е повеќе загрижена за изборите отколку за војната.
„Наместо да се фокусира на бојното поле, каде што се водат тешки борби во близина на Покровско, владата размислува за избори кои сè уште се далеку“, рече Махда.
Премиерката Јулија Свириденко ги отфрли обвинувањата за популизам на брифингот на 3 ноември велејќи дека владата го гледа пакетот како мерка за поддршка на граѓаните во текот на зимата. Таа додаде дека граѓаните може да ги донираат добиените пари на вооружените сили наместо да ги трошат на сметки или други трошоци.
Само 4 проценти од парите завршиле кај армијата
Според владините податоци, само 4 проценти од корисниците ја донирале уплатата на армијата. Мнозинството, 63 проценти, потрошиле пари за комунални услуги, а 17 проценти за сметки за мобилни телефони.
Свириденко исто така најави дополнителна државна субвенција за украинските железници во износ од 16 милијарди гривни (околу 380 милиони долари) в година.
„Владата обезбедува финансиска поддршка на државните железници во овој тежок период, па затоа граѓаните треба да добијат нешто за возврат“, рече Свириденко објаснувајќи ја програмата за бесплатни 3.000 километри патување.
Фото: принтскрин

