Црна хроника
Ја силувал, откако не си ги пресекол вените

Жителка на Свети Николе го пријави својот сограѓанин дека ја силувал, откако претходно и’ се заканил дека ќе си го одземе животот со пресекување на вените.
Настанот се случил во саботата, пред 6 часот наутро, кога 31-годишната жена, според исказот даден во полицијата, излегла од дома да оди на работа, при што 41-годишниот жител на Свети Николе, во дворот од нејзината семејна куќа од задгрб со едната рака и’ ја затворил устата а под вратот и’ ставил нож
Потоа, пријавениот и’ наредил да се качи во автомобилот „сеат кордоба“, возило на локалната такси компанија во која тој работел како такси возач.
Откако жената влегла во автомобилот, се упатиле кон Куманово, а откако пријавениот го запрел возилото кај општинската зграда во селото Пезово, двајцата излегле од возилото и мажот повторно го извадил ножот и се заканил дека ќе си го одземе животот, обидувајќи се да си ги пресече вените.
Откако се откажал од намерата, ја турнал жената на задните седишта од автомобилот и ја присилил на сексуален однос. Околу 10 часот со возилото ја вратил во СветиНиколе, а подоцна тој е приведен во полициската станица, каде што во разговорот признал дека имал сексуален однос со жената, но дека тоа се случило со нејзина согласност. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.