Црна хроника
Уште петмина заработија пријави за измами
Одделение за перење пари и финансов криминал при скопската полиција до Основниот јавно обвинителство поднесе кривични пријави против пет лица коишто се сомничат за дека организирана измама коишто оштетиле четири фирми од Скопје и од Штип.
Кривични пријави се поднесени проти 43-годшниот С.Д. поради основано сомнение дека сторил кривични дела „измама“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ потоа против 44-годишен Р.П. со прекар Боби и 41 годишен идентификуван со иницијали З.М. и прекар Зија, коишто се сомничат дека сториле кривично дело „измама“, а 42-годишниот В.Ѕ. и 46-годишната М.М. заработија пријави се осомничени дека го сториле кривичното дело „помагање“.
Од страна на Истражен судија, на двајца од оваа група им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена, додека на двајца и е одредна мерката домашен притвор, исто така, во траење од по 30 дена.
Според документираните сознанија од истрагата, пријавените во периодот од април до септември годинава, лажно претставувајќи се како застапници на правните лица „Босерон“ од Неготино, „Рим промет“ од Скопје и „Еуро гранд пром“ од Скопје со издавање лажни банкарски вирмани подигнувале разна трговска стока, доведувајќи ги во заблуда одговорните лица на четири правни лица од Скопје и Штип, при што ги оштетиле за вкупна сума од 325.790 денари.
Пријавените лажно претставувајќи се дека се од наведените фирми порачувале стока, на пример, преден браник за возило „астра ГТЦ“, 40 кутии јајца, 600 килограми пастеризирано кравјо сирење и 5.000 килограми брашно тип-400, од оштетените фирми, по што подоцна се враќале во фирмите со фалсификуван банкарски налог наводно од „Комерцијална Банка“ АД Скопје и „Халк Банка“ АД Скопје со лажен банкарски печат. Потоа, од страна на оштетените фирми стоката ја подигнувале.
Откако од страна на оштетените фирми било констатирано дека за подигнатата стока нема уплати на нивните банкарски сметки, случаите се пријавени во скопската полиција, по што од одоговорните лица е извршено препознавање на пријавените по фотографии.
Од извршените проверки во Централниот регистар на РМ утврдено е дека сопственик на фирмата „Еуро гранд пром“ е првопријавениот, а правните лица „Босерон“ и „Рим промет“ воопшто не се евидентирани во базата на Централниот реистар.
Врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1 Скопје бил извршен претрес во домот на петтопријавената каде се пронајдени лаптоп и куќиште за компјутер кои ќе бидат дадени на вештачење со цел обезбедување на доплонителни докази за сторените кривични дела.
Меѓутоа, за оваа петорка има и други пријави од целата територија на земјата. Така, нивна инволвираност е откриена и полицијата во Кавадарци каде бил набавуван мед, во Неготино каде била вршена набавка на камионски гуми и во Струмица каде се набавувале маслинки.
Станува збор за лица коишто биле и претходно пријавувани за слични или исти кривични дела, односно во јуни годинава против нив била поднесена пријава за истите кривични дела извршени на истиот начин при што оштетиле пет правни лица за вкупна сума од 866.941 денари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.