Македонија
Понудена помош за настраданите во Италија
Црвениот крст на Македонија понуди помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди централна Италија, при што загина
Црвениот крст на Македонија понуди помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди централна Италија, при што загинаа околу 180 луѓе.
Хуманитарната организација од Македонија вчера до Црвениот крст на Италија испратила телеграма со сочувство за загинатите во силниот земјотрес.Меѓу загинатите, засега, има и четворица македонски државјани.
Од Црвениот крст на Македонија за Макфакс потврдија дека понудиле помош за настраданите, но ја чекаат одлуката на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвена полумесечина.
Доколку Црвениот крст на Италија и италијанската Влада проценат дека им е потребна меѓународна помош, Меѓународната федерација ќе испрати своја екипа која што ќе ги процени вкупните штети и ќе упати апел за помош до нејзините членки, посочија од Црвениот крст на Македонија.
Протоколарен допис до италијанската Амбасада во Македонија испратил Градот на солидарноста Скопје.
Во изјава за Макфакс од Градот наведоа дека во дописот било изразено сочувство за загинатите и било посочено дека Скопје стои на располагање за помош доколку е тоа потребно.
Според последните биланси, во земјотресот загинаа најмалку 179 лица, 34 се водат за исчезнати, а се проценува дека се повредени околу 1.500 лица.
Италијанските медиуми јавија за два нови последователни земјотреси што се случиле околу пладне. Посилниот земјотрес бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала./крај/амп/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации
По повод празникот посветен на Свети Климент Охридски-македонскиот просветител, учител и темелот на нашата духовност и писменост, ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија.
„Делото на Св. Климент Охридски, неговата посветеност на образованието и ширењето на словенската писменост, претставуваат трајна вредност на македонската државност и културен идентитет.
Неговата мисија не потсетува дека знаењето, трудот и човечноста се водилка кон напредок и општо добро.
А нашата заедничка обврска е да продолжиме да го негуваме она што е суштински дел од нашата татковина – јазикот, писменоста, наследството и македонскиот идентитет, да останеме посветени на унапредување на образованието, зачувување на културното наследство и поддршка на вредностите што го обединуваат нашиот народ.
Силата на државата произлегува од знаењето, достоинството и од грижата за сопствените корени, токму како што тоа го покажувал Св. Климент со своето животно дело.
Македонија да ја градиме преку генерации на образовани луѓе, генерации што ќе бидат носители на прогресот, на науката, на културата и на достоинството на нашата држава.
Овој празник не потсетува дека вложувањето во образованието и младите е инвестиција во иднината на нашата татковина.
Ликот и делото на Св. Климент Охридски ни покажуваат дека секое знаење што го даваме денес, ја гради Македонија утре“, пишува во честитката.
Македонија
Минчев со честитка за 8 Декември – Свети Климент Охридски
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски.
„Нека е честит големиот христијански празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски.
Делото на Свети Климент, неговата посветеност на образованието и на создавањето силна духовна и културна традиција, останува траен темел на нашата историја и идентитет.
Неговиот пример не поттикнува да создаваме подобро општество засновано врз знаење, честитост и заемна поддршка.
Нека празникот ни донесе личен и колективен напредок, а во нашите домови мир, здравје и радост“, пишува во честитката.
Македонија
Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица
Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје.
Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.
Возилото и алатот се одземени, а лицата се уапсени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

