Uncategorized
ЕУ не го замрзнува – ќе го дефинира проширувањето
Европската унија (ЕУ) ќе го одржи ветувањето кон земјите од западен Балкан, но со многу услови кои допрва треба да бидат дефинирани, вклучувајќи и утврдување на „апсорпционата моќ“ на Унијата.
Европската унија (ЕУ) ќе го одржи ветувањето кон земјите од западен Балкан, но со многу услови кои допрва треба да бидат дефинирани, вклучувајќи и утврдување на „апсорпционата моќ“ на Унијата.
Ова може да се заклучи по денешната прес конференција и по збирните извештаи од Брисел, на крајот од дводневниот самит на ЕУ, во рамките на кој минатата ноќ и министрите за надворешни работи разговараа на темата проширување на Унијата.
Шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник изјави денеска дека сите во Унијата потврдиле дека западен Балкан има отворена врата за членство во ЕУ, но и се согласи со оценката дека изјавите на некои европски лидери, како и ставовите изнесени во Европскиот парламент, “отвориле расправа за натамошните начини за прием на нови членки“ со предлог, Хрватската да ги продолжи преговорите за членство, а на другите земји да им се понуди „партнерство“.
Таа објасни дека „секогаш се залагала за поединечен пристап на секоја земја“. Тоа значи, додаде Пласник, дека приближувањето кон ЕУ мора да биде втемелено „на заслугите и во светло на проблемите со кои секоја од тие земји мора да се фати во костец“.
“Апсорпциониот капацитет (на ЕУ) е и логична и нормална работа“, изјави Пласник, одговарајќи на новинарско прашање дали европските министри конкретно ја разгледале “апсорпционата моќ“, односно способноста преку преуредување на своите уставно – институционални структури и финансиската поддршка на регионот да ги подготви за прием земјите од западен Балкан.
Според агенциските извештаи, шефот на холандската дипломатија Бернард Бот на состанокот нагласил дека иднината на Европа и приемот на нови членки мора да биде условен не само со новите уставно-институционални механизми, туку и со јасно сознание дека тоа ќе оди напоредно со општото подобрување на животниот стандард на граѓаните на ЕУ.
Според неговиот портпарол, Херман ван Гелдерен, ставот на официјален Хаг е дека „ветувањето од Солун“ за европската перспектива на западен Балкан мора да се одржи, но дека условите за тоа мораат да бидат крајно сериозно и остро поставени и спроведени.
Укажувајќи дека за тоа ќе бидат потребни неколку години, Бот напоменал дека отпор кон прием на нови членки има не само во Холандија и Франција, каде тоа беше искажано на референдумите, туку и во други земји на Унијата.
Според шефот на холандската дипломатија, ЕУ во минатото можеби била „пофлексибилна“ во поставувањето услови за прием на нови членки, но, сега, „тие мора крајно сериозно да се применат“, без какви и да е отстапки.
Холандија во пресрет на расправата поднесе документ во кој се наведува дека треба да се гарантира европската перспектива за членство на земјите од западен Балкан, но, дури откако тие во целост ќе бидат политичко и економски подготвени и кога ЕУ за тоа ќе има „апсорпциона моќ“.
Холандија на самитот во Брисел го истакнала барањето дека не може да се пристапува кон членство се додека “земјата која е во прашање во целост не ја спроведе содржината на Спогодбата за стабилизација и асоцијација“.
/крај/бета/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

