Македонија
Откриени 29 мигранти од Авганистан

Криумчарење на 29 авганистански мигранти, од кои 16 малолетни, откриено е понеделникот на граничниот премин Богородица, при влез на камион во Македонија.
Криумчарење на 29 авганистански мигранти, од кои 16 малолетни, откриено е понеделникот на граничниот премин Богородица, при влез на камион во Македонија.
Како што соопшти во вторникот Министерството за внатрешни работи, мигрантите од Авганистан биле пронајдени во камион со штипска регистерска табличка, управувамн од 52 годишен жител на Радовиш.
Царинските службеници се одлучила д аизвршат детален преглед на камионот, бидејќу утврдиле дека тој за два тона бил потежок од предвиденото.
Откако било пристапено кон контрола на товарот (портокали) при отварањето на задната врата еден од мигрантите скокнал од камионот и се дал во бегство, истиот брзо бил совладан, а вратата на камионот веднаш затворена.
Сите 29 авганистански мигранти поседуваат грчки документи за привремен престој во Грција.
Од разговорот со мигрантите дознаено е дека тие платиле од 300- 700 евра од човек, на две лица по националност курди во градот Патра за да им организираат превоз до Италија.
Мигрантите, кои претходно преку Турција и Иран, влегле во Грција, во камионот биле натоварени доцна вечерта на 12-ти декември.
Сите мигранти се згрижени во транзитниот центар и од страна на одговорните пружена им е соодветна медицинска нега, бидејќи дел од нив биле во влошена здравствена состојба.
Возачот на камионот се брани дека не знаел ништо, ниту каде, ниту како влегле мигрантите во камионот. Во исказот пред инспекторите единствено потенцира дека се задржал 10 часа на паркингот на пристаништето во градот Патра, додека чекал траект и најверојатно ноќта додека спиел, лицата без негово знаење биле товарени во камионот
Против 52 годишниот возач ќе биде поднесена кривича пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.