Македонија
Пронајдено оружје, муниција и дрога кај две лица во струшко
Оружје, муниција, дрога, накит, мобилни телефони и алати полицијата пронашла при вчерашниот претрес во домовите на двајца жители од село Велешта, Струшко, информираат од МВР.
Оружје, муниција, дрога, накит, мобилни телефони и алати полицијата пронашла при вчерашниот претрес во домовите на двајца жители од село Велешта, Струшко, информираат од МВР.При претресот, извршен по судска наредба, полицијата во домот на двете лица, кои се во роднинска врска пронашла 400 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловна пушка од руско производство без соодветни документи, неколку куршуми за пиштол, повеќе патрони за ловна пушка, помало количество хероин, рачни часовници “Ролекс“ и “Кварт“, мобилни телефони, накит, како и алати за кои постои сомнеж дека потекнуваат од кривични дела. Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење.Полицијата ќе поднесе соодветни кривични пријави за двете лица. Едното од нив и претходно бил гонет за недозволена трговија со дрога. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

