Контакт

Политика

Димовски: Македонија е единствената држава каде опозицијата бега од избори,

Објавено пред

Очигледно Македонија е единствената држава во Европа во која опозицијата бега, плаче и моли да не се одржат избори, изјави во неделата Илија Димовски, член на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ја повика Државната изборна комисија (ДИК) до крајот на денов да одржи јавна седница или работен состанок на кој би присуствувале по најмалку два члена од четирите големи политички партии, кои со својот потпис застанаа зад договорот од јуни и јули мината година.

dobivaj vesti na viber

„На оваа средба која би било добро да се одвива во живо, пред камерите и пред јавноста повикуваме во дебатата да се вклучат и заинтересираните меѓународни претставници кои го следат изборниот процес во Република Македонија. Би дискутирале околу сите ингеренции, законски обврски и можности кои ги има ДИК, нејзините потреби и можноста се да биде поставено на свое место за да нема дилеми околу изборите кои треба да се одржат на 24 април 2016 година“, рече Димовски.

„СДСМ знаат дека нивната деструктивна политика на креирање кризи нема поддршка кај народот. Затоа како што наближуваше терминот за избори, се зголемува стравот на СДСМ од соочување со граѓаните. Затоа СДСМ почна да измислува нови и нови услови за да ја држи земјава во заложништво и долготрајна криза. Ова беше видливо особено во институциите каде токму од нив зависеше реализирањето на одредени сегменти од изборниот процес. Да биде иронијата поголема, деновиве дури можевме и да прочитаме дека наместо да се фокусира на вкрстувањето на податоци во ДИК за брзо прочистување на Избирачкиот список, нивните експертите со смешни образложенија дека имале други обврски ја напуштаат работата на ДИК“, заклучи Димовски.

Со договорот познат како Пржински договор, постигнат со посредството на ЕУ и САД летото минатата година во контекст на надминувањето на политичката криза, меѓу другото беше договорено одржување на предвремените парламентарни избори на 24-ти април.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сметаат дека се создадени условите за одржување на изборите, додека најголемата опозициска партија СДСМ смета дека нема неопходна гаранција за одржување фер и чесни избори.

Прес-конференцијата на Димовски се одржа додека се очекува објавувањето на процената на процената на меѓународниот фактор за условите за предвремени избори на 24 -ти април треба да биде објавена денеска, откако на барање на некои политички партии, кое беше одложувано од петокот. Амбасадорите на САД и ЕУ во својот извештај ќе дадат препораки за сите услови дали се доволно исполнети, а конечната одлука дали ќе има избори на 24-ти април, или тие би се одложиле, ќе им ја препуштат на лидерите на четирите најголеми партии.

„Само на овој начин ќе бидеме убедени и ние како политичка партија и граѓаните во искреноста на целокупниот процес кој досега го водевме од аспект на неговата крајна цел, а тоа е конечен излез од кризата во која на вештачки начин беше втурната Македонија. Само на овој начин граѓаните од прва рака ќе ги видат аргументите и ќе може сами да судат и околу фактите и процените“, порача Димовски.

Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е информирана дека ДИК и странските експерти кои се ангажирани во неа, вкрстувањето на податоците, во најлош случај, со мрзлива и неодговорна работа може да се заврши за максимум 14 дена.

Од почетокот на политичката криза во којашто, како што рече Димовски, СДСМ ја втурнала земјата, ВМРО ДПМНЕ беше крајно конструктивна и посветена на враќање на стабилноста на државата.

„Бевме свесни дека на граѓаните и на земјата не ѝ требаат конфликти и деструкција, туку и требаат просперитет и економски развој. Бевме свесни дека само со таква мудра политика можеме да привлечеме нови странски инвеститори, да отвораме нови странски и домашни фабрики и да се отвораат нови работни места за граѓаните. Само со разумен пристап ќе може навремено да ги реализираме сите проекти кои сме им ги ветивме на граѓаните“, порача Димовски.

Ги критикуваше колегите пратеници од опозициската СДСМ, потсетувајќи дека се одлучија да го бојкотираат Собранието, да не присуствуваат на седници и да не ја „преземат обврската која граѓаните им ја доделиле“.

„Преговаравме да се вратат заради добриот имиџ на државата, заради стабилност и заради потреба институциите да функционираат со целиот свој капацитет“, рече Димовски.

Потсети притоа дека ВМРО-ДПМНЕ се согласила на измени во Изборниот закон и ги прифати барањата на СДСМ, даде согласност за нова структура и нов состав на ДИК, како и за прецизно регулирање на можностите партиите на фер начин да обезбедат можност за учество на изборите, иако оцени дека законските решенија и досега го нуделе тоа.

„Конечно, се согласивме СДСМ да ги добие ресорите за внатрешни работи и труд и социјална политика, како и три заменички места без да имаат мандат од граѓаните за тоа. Три месеци подоцна, гледаме дека нивните кадри немаат ниту еден позитивен резултат со кој може да се пофалат во јавноста. Во ресорите каде раководат се говори само за вработување партиски послушници, унапредување на блиски роднини, беззаконие и хаос со кои се кочат сите проекти наменети за граѓаните“, констатираше Димовски според кој во изминатиот период биле исполнети и многу други прашања, договори и обврски од разговорите меѓу политичките партии.

Димовски уверува дека по преговорите останал уште да се испочитува „крунскиот услов“ на договорот од јуни/јули, а тоа е одржување на предвремените парламентарни избори за кои се потпишаа и гласаа пратениците во Собрание да се одржат на 24-ти април./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет42 минути

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 час

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 час

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија19 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија20 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија22 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ23 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет1 ден

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија1 ден

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија1 ден

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ1 ден

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа1 ден

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет1 ден

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет1 ден

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет1 ден

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа1 ден

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија1 ден

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија1 ден

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...