Свет
Претседателски и парламентарни во ДР Конго

Денеска во Демократска република Конго започнаа парламентарните и претседателските избори, втори по крајот на граѓанската војна, на кои се очекува да победи актуелниот претседател Џозеф Кабила и неговата владејачка партија.
Денеска во Демократска република Конго започнаа парламентарните и претседателските избори, втори по крајот на граѓанската војна, на кои се очекува да победи актуелниот претседател Џозеф Кабила и неговата владејачка партија.
Изборите, на кои Кабила ќе се соочи со десет противници, се тест за напредокот на оваа огромна земја, голема колку Западна Европа, која е на пат кон стабилизирање по неколку децении лошо владеење и две граѓански војни.
Последниот воен судир во оваа држава пребогата со минерали, официјално заврши во 2003 година, но останаа џебови на нестабилност и голем дел од населението се уште не може да ги почуствува благодетите од осумгодишниот релативен мир.
Изборите во 2006 година беа главно мирни и фер, но по гласањето дојде до помали судири. Покрај за претседател, жителите на Конго денеска ќе гласаат и за 500 претставници во парламентот. Резултатите се очекуваат околу 6 декември.
Во саботата имаше помали судири, во кои загинаа најмалку три лица, што доведе до тоа полицијата да ги забрани сите политички собири од предизборната кампања.
Кабила, кој на власт дојде во 2001 година по атентатот на неговиот татко Лорент, очекува да добие уште еден мандат. Остварувањето на желбата во голема мерка му е олеснето од неединственоста на опозицијата, која не успеа да се договори за заеднички кандидат за претседател. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.