Спорт
Двојна победа за Ферари и триумф на Алонсо
Фернандо Алонсо од тимот на Ферари е победник на првата трка од овогодишната сезона за Големата награда на Бахреин
Алонсо иако стартуваше од третата позиција на патеката успеа да дојде во водство во 34-от круг откако Себастијан Фетел мораше да оди во бокс поради дефект на болидот и прв да стигне до целта. На второто место се пласираше неговиот клупски колега Фелипе Маса се пласираше на втората позиција и ја оствари првата еден два победа во сезоната. Двојната победа во Бахреин е втората еден два победа за Ферари од јуни 2008 година, а со победата Алонсо освои 25 поени. Луис Хамилтон од Мекларен се пласираше на третата позиција а Себастијан Фетел на четвртата позиција. Седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер од Мерцедс успеа да стигне до шестата позиција, а Марк Вебер од Ред Бул на седмата позиција. Следната трка од Формула 1 сезоната ќе биде за Големата награда на Австралија на 28-ми март во Мелбурн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гендузи се сели во Фенербахче
Фудбалерот на Лацио, Матео Гендузи, кариерата ќе а протдолжи во турскиот гигант, Фенербахче.
Лацио од трансферот ќе инкасира 30.000.000 евра. Гендузи потпиша договор до 2030 година.
Гендузи ќе се приклучи на тимот по турскиот Суперкуп, каде што Фенербахче го игра финалето против Галатасарај.
Заминувањето на Французинот ќе отвори простор за нови играчи во Лацио.
Спорт
Капитенот ќе остане во Милан
Мајк Мањан ќе остане во Милан и наскоро ќе го стави својот потпис на новиот договор со италијанскиот клуб.
Францускиот голман влезе во последната година од договорот и сè се очекуваше да ги напушти „росонерите“ како слободен агент на крајот од сезоната.
Сепак, раководството на Милан успеа да го убеди да остане, а според новиот договор, тој ќе заработува 7.000.000 евра годишно, што значи дека заедно со Рафа Леао ќе биде најплатениот играч на „Сан Сиро“.
Според „Газета дело Спорт“, Макс Алегри одиграл клучна улога во задржувањето на искусниот голман во клубот.
Да ве потсетиме дека Мењан беше блиску до преселба во Челзи ова лето, тој се договори за сè со „сините“, но клубовите не се согласија за обештетувањето.
Спорт
Ентони Џошуа ќе се пензионира
Трауматично искуство е зад олимпискиот победник и поранешен професионален шампион во тешка категорија Ентони Џошуа. Тој преживеал ужасна сообраќајна несреќа во Нигерија, земјата на неговите родители, па затоа ретко кој верува дека 36-годишникот роден во Вотфорд ќе ја продолжи кариерата.
Нигерискиот весник „ПАНЧ“, стигна до неговиот чичко, Адедамоле Џошуа, кој не само што рече дека неговиот внук размислува за крај на кариерата, туку зборуваше за тоа во свршено време.
„Главната работа е што се пензионираше од боксот“, започна Адедамола Џошуа, а потоа додаде:
„Затоа сме толку среќни бидејќи секогаш не носат емоциите кога го гледаме во рингот. Секој пат кога ќе биде соборен, чувствуваме како ни излегуваат срцата од градите.“
Чичкото на Џошуа истакнува дека целото семејство е трауматизирано од неговата професионална вклученост во рингот и дека е среќен што неговиот внук се пензионира на врвот на славата и популарноста, бидејќи кратко пред несреќниот настан добил симпатии од навивачите за тоа што му нанел сериозна штета на јутјуберот Џејк Пол.
На прашањето на еден нигериски новинар дали Ентони лично објавил дека одлучил да се пензионира кај членовите на своето семејство, Адедамола потврди:
„Да“.
Од британските медиуми „протече“ информација дека Џошуа изразил желба да им помогне на двете лица кои загинаа во автомобилот во кој бил и тој. Сина Гами и Латиф Ајоделе биле во стручниот штаб на Џошуа, но пред сè биле блиски пријатели на британскиот боксер, па затоа е јасно колку трага ќе остави овој ужасен настан.

