Контакт

Спорт

Мундијалот почна според традицијата

Објавено пред

Како што се прогнозираше, Светското фудбалско првенство започна со меч кој заврши без победник. Но, сепак, селекциите на Јужна Африка и Мексико и покрај 1:1 покажаа максимано залагање и возбудлив меч

dobivaj vesti na viber

Се чини сосема реален резултат за кој и двете репрезентации се бореа докрај да го изменат во своја полза, што го покажа и во последната минута од регуларниот дел од мечот, кога Мпела стрелаше во дирекот. Мексико изедначи по голема бирба во 78 минута, одбраната на Јужна Африка направи голема грешка при обид да постави офсјад замка, но топката дојде до Рафаел Маркез кој самоуверено го израмни резултатот.  Дваесет минути пред крајот на мечот селекторот на Мексико во игра го внесува ветеранот Бланко, но веќе во следниот напад Јужна Африка преку Модисе кој излезе сам пред голманот Перез се чини ја пропушти можноста да го постигне и вториот гол и да го доближи домаќинот до конечен успех.    Дош Сантош, секако е најдобриот играч на меч досега и единствен од заспаните Мексиканци по голот се обидува да го израмни резултатот. Во 60. минута со одличен шут од десна страна изнуди уште поубава интервенција од домашниот голман, кој ја изби топката во петти корнер за Мексико. Во 55. минута е постигната првиот гол на Светското фудбалско првенство, по одлично изведена контра на домаќините при што од длабочина беше исфрелен Тшалалаба кој од 15-ина метри откосо го совалда мескиканскиот голман Перез. Мексико ја имаше првата шанса уште во 2. минута од натпреварот, кога Дош Сантош од пет метри не успеа да ја уфрли во голот. Потоа, во 14. минута Гилермо Франко пропушти изледна можност за гол по корнерот што го изведе Дош Санто. Домаќините првапт се заканија во 22. минута преку Тцабабалал, а десет минути подоцна Мексико ја пропуишти најзрелата шанса во првиот дел. Повторно акцијата беше зиведен а меѓу Дош Сантош и Франко, но јужноафриканскиот голман Кхуна одлично брани.Првпат мрежата на штотуку започнатиот мундијал се затресе во 36. минута, и тоа беше онаа на домаќинот. Пак Дош Сантош стрелаше откосо а одбраната на домаќинот ја зиби топката во корнер, по кој Вела постигна гол кој беше поништен заради офсајд. Мексиканецот Франко во 40. минута пропушти полушанса, а Јужна Африка во последните пет минути од првото полувреме се тргна, и создаде две прилики и изведе три корнера.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ленокс Луис ги избра петте најдобри боксери на сите времиња

Објавено пред

Ленокс Луис се смета за еден од најголемите имиња во тешка категорија во историјата на боксот. Иако има два порази со нокаут во кариерата, тој успеа да им се одмазди на двајцата борци кои го победија, постигнувајќи вкупно 41 професионална победа. За време на неговата импресивна кариера, поранешниот освојувач на златен олимписки медал се соочи со некои од најголемите легенди во тешка категорија, а неговата борба со Мајк Тајсон е сè уште еден од најпрофитабилните мечеви на сите времиња, пишува „Bloody Elbow“.

dobivaj vesti na viber

Во неодамнешно видео објавено на Инстаграм, Луис го откри својот личен список на петте најдобри боксери во историјата. Интересно е што тој не вклучи ниту еден боксер против кого се натпреварувал, како што се Мајк Тајсон или Евандер Холифилд, иако забележа дека би „се ставил во иста соба со тие борци“.

На врвот на својата листа, Луис очекувано го стави Мухамед Али, чиј прекар „Најголемиот“ совршено го опишува неговото наследство. Заедно со Али, листата вклучува уште четири легенди кои ги дефинираа своите епохи:

Џек Џонсон – првиот црн светски шампион во тешка категорија (1908 – 1915).

„Чудото“ Марвин Хаглер – легендарен борец во средна категорија кој ги победил великаните како Томас Хернс и Роберт Дуран.

Џорџ Форман – поранешен двократен светски шампион во тешка категорија и освојувач на златен олимписки медал.

Џо Луис – сопственик на најдолгото владеење со титулите во историјата на боксот, кое траело 11 години и 8 месеци.

Прикажи повеќе...

Спорт

Интер оствари рекорден приход

Објавено пред

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот.

dobivaj vesti na viber

Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога имаше приходи од 464 милиони во првата сезона на Роналдо.

Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство. Во исто време, имаше зголемување на комерцијалните приходи од спонзорства и натпревари.

Интер ја затвори финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, во споредба со загуба од 35,7 милиони евра во претходната финансиска година. Интер ја заврши рекордната финансиска година без трофеј.

Во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ, во Серија А беше втор од Наполи, во Купот на Италија испадна во полуфиналето против градскиот ривал Милан, „росонерите“ беа подобри и во финалето на Суперкупот на Италија, додека на клупскиот Мундијал клубот загуби од Флуминензе.

Прикажи повеќе...

Спорт

Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Објавено пред

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка.

dobivaj vesti na viber

Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2.

Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на привремениот тренер Христос Контис и забележа голема победа во Лигата на Европа против Јанг Бојс (4:1), но во клубот, и покрај очигледниот напредок, бараат ново, по можност звучно име за клупата.

Според грчките медиуми, изборот паднал на тренерот кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, две титули во Ла Лига и Купот на УЕФА со Валенсија и Лигата на Европа со Челзи.

Истите извори наведуваат дека Бенитез пристигнал во Атина со приватен авион во четврток наутро за финални преговори со челниците на клубот и најверојатно за потпишување на договорот.

Наводно, Панатинаикос му нуди дури пет милиони евра само за едногодишна соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија5 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија9 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија10 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија10 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија11 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија11 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија12 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија12 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет14 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа15 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет15 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа15 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет15 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија23 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија1 ден

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...