Македонија
Одложена седницата на Комисијата за надзор на безбедноста и контраразузнавањето
Денешната втора седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање беше одложена
Претседателот на Комисијата Бесим Догани ја нагласи неможноста како член на Нова демократија да ја води седницата на Комисијата на албански јазик, но и барањето на пратеничката група на СДСМ за подолг период за разгледување на извештаите за работата на УБК и на Агенцијата за разузнавање, како и доцнењето на сертификатите кои ги издава Дирекцијата за класифицирани податоци за членовите на Комисијата од ДУИ, се причините што ги наведе Догани за одлагањето на денешната седница.Не беше прифатен предлогот на пратениците Цветко Грозданоски и Павле Трајанов, членови на Комисијата, седницата да продолжи денеска по завршувањето на собраниската седница.На денешната седница на Комисијата присуствуваа замениците на директорите на УБК и на Агенцијата за разузнавање, Силјан Аврамовски и Мухамед Исмаили.На седницата беше усвоен записникот од првата седница на комисијата која се одржа на 15 април 2009г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

