Македонија
Владата до петок ќе се изјасни за спорот меѓу ЕЛЕМ и ЕВН
Владата до петок ќе го соопшти својот став за спорот меѓу ЕЛЕМ и ЕВН и за обврските на ЕВН Австрија од купопродажниот договор да инвестира во Македонија, изјави вицперемиерот Ставрески по денешната средба со бизнисмените во Стопанската комора
Според потпретседателот за економски прашања Зоран Ставревски, Владата има континуиран дијалог со ЕВН. Остварени се бројни средби со раководството на компанијата и е разговарано за сите отворени прашања. Владата, напомена Ставрески, и натаму останува отворена за дијалог со кој било добар инвеститор, вклучувајќи ја и ЕВН.„Кореспонденцијата меѓу македонските институции, македонскиот и австрискиот вицепремиер се одвива преку редовните канали, не преку преку медиумите, и во тој контекст одговорот ќе биде доставен до колегата од Австрија“, рече Ставрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Институциите се заробени
Демократската унија за интеграција вели дека се случува систематскато заробување на институциите, на правдата од оваа влада и конформизмам на одредени судии и обвинители кои се ставиле во служба на политиката.
„Вчерашната одлука на Обвинителството за ослободување на оние кои беа прогласени за виновни за обидот за државен удар на 27 април, со цел да се спречи изборот на првиот претседател албанец на Собранието, со јавно признание од самите обвинители дека таму постои селективна правда, под политички притисок, и сето тоа направено на празничен ден со надеж дека нема да биде забележано од меѓународната заедница, е јасен одраз на оваа заробување.
Исто така, му се обраќаме на премиерот Мицкоски: Што се случи со „плоштадот Тендербег,“ како што го нарекувавте плоштадот Скендербег, за кој некогаш го обвинувавте Изет Меџити?
Што се случи со истрагата за 30-те згради што беа изградени како „архитектонски Титаник,“ но кои беа антиидатирани, наводно изградени во 2011 година, кога беше во сила законот за легализација?
Овие згради не само што се симбол на урбанистичката злоупотреба, туку ја задушуваат животната средина на најгусто населената општина во Европа.
Премиере, каде се истрагите за министерот за „смртта,“ како што го нарекувавте Арбен Таравари, кој според вас добил подарок две куќи за да стане министер во нашата влада?
Или можеби вие сами доживувате „паничен напад, главоболка, “ како што тврдите за обвинителите, и поради тоа сте заборавиле да ги гоните вашите актуелни министри?
Вашите министри се претворија во вазали на вашите антидржавни политики, служејќи им на личните и политичките интереси наместо на граѓаните.
Наместо да го подобрите владеењето на правото, вие го претворивте во карикатура на правдата. За само шест месеци, успеавте да ги поткопате темелите на граѓанската доверба со воведување селективна правда која служи само на вашите политички интереси.
Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го осудува и да се бори против овој срамен обид зазаробуавње на државата и правдата.
Граѓаните на нашата земја заслужуваат вистинска, еднаква и независна правда, ослободена од политиката“, се вели во партиското соопштение.
Македонија
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци
Како што извести АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка – г.п.Деве Баир, Тетово – Попова Шапка и на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Стража и Маврово.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Љубин во општина Сарај.
– во периодот од 10.00 до 12.30 часот, корисниците од цела населба Радишани во општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците околу претпоследна и последна 22ка, во село Волково, во општина Ѓорче Петров.