Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски сака дестабилизација за да се врати
Опозициониот СДСМ настојува да се врати на власт по истото сценарио како во 2001 со заплашување на граѓаните за наводна дестабилизација
Опозициониот СДСМ настојува да се врати на власт по истото сценарио како во 2001 со заплашување на граѓаните за наводна дестабилизација на меѓуетничките односи, оцени денеска ВМРО – ДПМНЕ.
Според владеачката партија, СДСМ креира впечаток за дестабилизација на меѓуетничките односи во координација со една албанска партија и една македонска партија, поранешен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ
„Нашите информации се дека на овие координации било договорено засилено да се работи на нарушување на впечатокот за добрите меѓуетнички односи во Македонија.”, соопшти владеачката ВМРО – ДПМНЕ.
Според оваа партија, намерата на опозициониот СДСМ и нејзиниот лидер Црвенковски слично како во 2001 година, е желбата да се врати на власт.
„Ова е веќе видено сценарио во Македонија. Црвенковски се обидува да го врати старото време на постојано заплашување на граѓаните за некакви дестабилизации, омраза и нетрпеливост, за закочување“, соопшти ВМРО – ДПМНЕ.
Партијата на власт го повика Црвенковски „да престане со ваквата практика на внесување на поделби и ширеше на лажни тези за дестабилизација, бидејќи повеќе македонските граѓани не му веруваат”.
Во врска со прашањата од СДСМ до премиерот дали вицепремиерот Ивица Боцевски ја поднел оставката поради наводни средби со високи грчки дипломати за прашањето за името.Од владејачката партија одговорија:„Се работи за уште една конструкција на Социајлдемократскиот сојуз и најблаго кажано тоа е глупост. Оставката на еден министер е најнормална работа и демократски чин. Затоа уште еднаш апелираме до Социјалдемократскиот сојуз да прекине да се изживува врз судбините на луѓето, без разлика дали се на функција или не се на функција, затоа што тоа не е човечно“.крај/с/ег/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Татко пријавил дека наставник го нападнал неговиот син во училишна сала
Триесет и шестгодишниот С.С. од Сарај пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, на 26 јануари 2026 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека нападот се случил истиот ден во 12:40 часот, во спортската сала на основното училиште. За нападот е пријавен А.П. (48) од Скопје, кој работи како наставник во истото училиште.
Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Македонија
Во сабота протестен марш „Стоп за Усје“
Во сабота, на 31.01.2026 година, во 12:00 часот, „Стоп за Усје“ излегува на протестен марш кој ќе почне пред Владата, ќе продолжи кон Собранието, а ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Ги повикуваме сите граѓани, кои сакаат да се изборат за правото на чист воздух, да се приклучат на овој марш. Меѓу другото ги повикуваме институциите будно да ја следат состојбата и бурно да реагираат, бидејќи ниту еден профит не е поважен од животот на граѓаните! „Стоп за Усје“ веќе ги испрати своите барања до низа институции, но никој од нив не се одважи да даде било каков одговор. Затоа, одговорите ќе ги бараме повторно на улица“, се вели во најавата.
Од „Стоп за Усје“ потсетуваат дека на протестите се забранети партиска промоција и симболи, а истовремено апелираат на мирен протест, без насилство и говор на омраза.
„Повикуваме на масовност за сите заедно да кажеме СТОП за труењето од УСЈЕ кое нè засега сите. Сакаме да нагласиме дека ниту една лага и манипулација од Усје и надлежните, кои со сите сили се обидуваат да го одбранат неодбранливото, нема да помине и дека сè додека нè уверуваат во бројки од мерењата кои ги прави самата фабрика, отпорот нема да се смири! Се гледаме во сабота, за да покажеме дека гласот на граѓаните е поважен и посилен отколку нечии бизнис интереси!“, пишува во најавата.
Македонија
Мицкоски за утрешниот протест за минимална плата 600 евра: Секој има право да си протестира, во март законски ќе ја зголемиме
Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот што имаше цела измината година, дека Владата ќе поддржи договор меѓу работниците и работодавачите.
„Секој има право да си протестира. Ние минималната плата, согласно Закон, ќе ја зголемиме во март месец односно согласно платите што ќе ги добијат работниците во април, платата ќе биде зголемена. Ние рековме секое решение што ќе го постигнат во тој бипартитен дијалог синдикатите со работодавачите, ќе го поддржиме“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во Железара.
По повеќе од една година неуспешни обиди за договор со работодавачите и Владата за зголемување на минималната плата, ССМ за утре најави голем работнички протест преку кој бара зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување од 100 евра на сите останати плати оти со законското зголемување во март минималната плата ќе се зголеми само за околу 25 евра.

