Свет
Асанж се закани со „отровно апче“, исклучен серверот и во Франција
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж се закани со „отровно апче“, односно ново објавување на тајни меѓународни документи во случај на негово апсење или гаснење на Викиликс.
Во таканареченото Обезбедување што е на интернет уште од јули, но Асанж сега се закани дека ќе го објави, се наоѓаат нецензурирани документи за Бритиш Петролеум и злогласниот затвор Гвантанамо.
Обезбедување веќе го преземале десетици илјади приврзаници на Викиликс од САД до Австралија, но документот е заштитен со непробојна лозинка, јавува Фоск њуз.
Асанж се закани дека ако биде уапсен и доколку Викиликс трајно биде изгаснат, би можел да ги објави тајните документи од Обезбедување. Истовремено, се закани дека секоја влада што ќе се обиде да ги прекине неговите активности, ризикува да бидат објавени повеќе државни и економски тајни.
„Подолго време делевме заштитени копии на материјалите кои треба да ги објавиме. Се што треба да направиме е да ја соопштиме лозинката за влез и сите документи ќе бидат достапни на увид“, рече Асанж.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека знае за овој документ, но дека не му е позната содржината.
Воените документи за Гвантанамо Асанж ги набавил од Бредли Менинг, кој му беше главен снабдувач со податоци до апсењето во мај. Асанж тврди дека поседува снимка на американскиот воздушен напад на Авганистан, во кој се убиени цивили, документи за Бритиш Петролеум и за Банк оф Америка.
Серверот на Викиликс во Франција денеска престана со работа, но страницата сè уште е достапна благодарејќи на нумеричката адреса на шведскиот сервер. Во тек е префрлањето на домејните на друг сервер во Шведска.
Адвокатот на Асанж, Марк Стивенс денеска за Би-Би-Си изјави дека неговиот клиент ќе се бори против обидот за екстрадиција во Шведска поради обвинувањата за силување.
Стивенс рече дека правната постапка против Асанж изгледа како „политички прогон на умилкувачка земја“.
Шведските власти во четвртокот издадоа потерница по Асанж, неколку дена по објавувањето на 250.000 депеши – тајни пораки на американската администрација. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хумза Јусаф поднесе оставка, Шкотска има нов премиер
Новиот претседател на шкотската партија СНП, Џон Свини во шкотскиот парламент е избран за нов шеф на шкотската влада, на местото на Хумза Јусаф.
Тој доаѓа на местото на Хумза Јусаф (39), која поднесе оставка минатата недела по распадот на коалицијата со Зелените. Тие беа воздржани од гласање.
Изборот на Свини не е изненадување. Тој освои 64 од 129 гласови во парламентот каде Шкотската национална партија има големо водство пред опозициските партии, но нема апсолутно мнозинство. Тој допрва треба да положи заклетва пред Врховниот суд.
Претходно истиот ден, Јусаф формално ја поднесе својата оставка во писмо до британскиот крал Чарлс III. Тој беше на власт 13 месеци, по харизматичната Никола Старџен. Тој беше најмладиот шкотски премиер и првиот од националното малцинство.
„Како млад муслиман, роден и израснат во Шкотска, не сонував дека еден ден ќе бидам привилегиран да ја водам мојата земја“, напиша тој.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.
Свет
Професорите на Универзитетот во Амстердам протестираа во знак на солидарност со студентите
Наставниот кадар на Универзитетот во Амстердам одржа протест во знак на солидарност со студентите, чии демонстрации против војната во Газа претходно беа насилно расчистени од полициските сили.
Полицијата со булдожер ги урна барикадите и уапси околу 140 демонстранти, а постојано има судири меѓу безбедносните сили и студенти, пренесува Ројтерс.
„Учениците и вработените пријавиле употреба на полициски палки и кучиња, како и булдожери во обид на полицијата насилно да ги отстрани. Поради прекумерната употреба на насилство, луѓето се повредени“, велат од групата Холандски научници за Палестина.