Свет
Асанж се закани со „отровно апче“
Основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж се закани со „отровно апче“, односно ново објавување на тајни меѓународни документи во случај на негово апсење или гаснење на фамозната интернет страница
Во таканареченото Обезбедување што е на интернет уште од јули, Џулиан Асанж се закани дека дури сега ќе го објави, се наоѓаат нецензурирани документи за Бритиш Петролеум и за злогласниот затвор Гвантанамо. Обезбедување веќе го преземале десетици илјади приврзаници на WikiLeaks од САД до Австралија, но документот е заштитен со непробојна лозинка, јавува Foxnews.Асанж се закани дека ако биде уапсен и доколку Викиликс трајно биде изгаснат, би можел да ги објави тајните документи од Обезбедување. Истовремено, се закани дека секоја влада што ќе се обиде да ги прекине неговите активности, ризикува да бидат објавени повеќе државни и економски тајни.„Подолго време делевме заштитени копии на материјалите кои треба да ги објавиме. Се што треба да направиме е да ја соопштиме лозинката за влез и сите документи ќе бидат достапни на увид“, рече Асанж.Американското Министерство за одбрана соопшти дека знае за овој документ, но дека не му е позната содржината.Воените документи за Гвантанамо, Асанж ги набавил од Бредли Менинг, кој му беше главен снабдувач со податоци до апсењето во мај. Асанж тврди дека поседува снимка на американскиот воздушен напад на Авганистан, во кој се убиени цивили, документи за Бритиш Петролеум и за Банк оф Америка.Серверот на WikiLeaks во Франција, во неделата престана со работа, но страницата сè уште е достапна благодарејќи на нумеричката адреса на шведскиот сервер. Во тек е префрлањето на домејните на друг сервер во Шведска.Адвокатот на Асанж, Марк Стивенс денеска за BBC изјави дека неговиот клиент ќе се бори против обидот за екстрадиција во Шведска поради обвинувањата за силување.Стивенс рече дека правната постапка против Асанж изгледа како „политички прогон на умилкувачка земја“.Шведските власти во четвртокот издадоа потерница по Асанж, неколку дена по објавувањето на 250 илјади депеши – пораки на американската администрација класифицирани со ознаката „за внатрешна употреба“ во кои се даваат оцени за политичките ситуации во многу земји, како и навредевливи карактеристики за многу светски лидери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него
Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди долари, објави порталот Политико, цитирајќи неименуван американски функционер.
Според официјални лица, пакетот оружје вклучува контраартилериски радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала.
На почетокот на неделава Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон за пакет воена помош за Украина, Израел и кинескиот регион Тајван во вредност од 95 милијарди долари, од кои 61 милијарда долари се наменети за помош на Украина.
Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега – победи“.
„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.
Свет
Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства
Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и Александар Кајгородцев веќе ги признале злосторствата што ги направиле во селата Подо-Калиновка и Абрикосовка, пишува рускиот медиум Ура.ру.
Меѓу жртвите се двајца полицајци и началникот на селото Љубов Тимчак, кој е назначен од Русија. Телото на началникот било пронајдено во средата, а на него биле видливи рани од огнено оружје, оган и експлозивни направи.
Полицијата набрзо добила дојава од заменик началникот на округот Алешински за откривање на уште две изгорени и осакатени тела на маж и жена. Безбедносните сили ги уапсиле осомничените истиот ден, а набрзо се испоставило дека станува збор за руските војници Александар Осипов и Александар Кајгородцев.