Свет
Повеќе од 200 илјади мртви и 4 илјади ампутации на Хаити

Во катастрофалниот семјотрес од 12-ти јануари, загинале повеќе од 200 илјади Хаитјани, а повеќе до четири илјади останале инвалиди кај кои морало да се изврши ампутирање на екстремитетит
Ова го соопшти премиерот Жан-Макс Белериве, додавајќи дека многу од неговите сонародници ги загубиле екстремитетите веднаш по уривањето на зградите во главниот град Порт-о-пренс, а кај некои се ампутира откако биле извадени од под урнатините.Земјотресот од 12-ти јануари со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер, го срамни со земја главниот град и се проценува дека бројката загинати може да биде и поголема од спомнатите 200 илјади, а без покрив над главата остана повеќе од 1,5 жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украинскиот премиер поднесе оставка

Украинскиот премиер Денис Шмихал објави дека поднел оставка од функцијата што ја извршуваше повеќе од четири години. Одлуката доаѓа еден ден откако претседателот Володимир Зеленски го предложи Шмихал за нов министер за одбрана, како дел од најавената реконструкција на кабинетот.
Во објава на Телеграм, Шмихал им се заблагодари на украинските ветерани, претседателот и членовите на владата:
„Благодарност до нашите бранители кои го држат фронтот и ја штитат Украина! Благодарност до претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата! Благодарност до целиот тим за нивната неуморна работа за нашата земја! Слава на Украина!“, напиша тој покрај фотографија од неговата рачно напишана оставка.
Зеленски вчера објави дека ќе ја номинира Јулија Свириденко, поранешната прва вицепремиерка, за нов шеф на владата. Тој рече дека смета на парламентарна поддршка за најавеното реструктуирање на извршната власт.
Зеленски веќе некое време најавува промени во кабинетот, кои се толкуваат како обид за освежување на политичкото раководство на земјата, бидејќи војната со Русија влегува во својата четврта година, а предизвиците во економијата и одбраната остануваат исклучително големи.
Свет
Русија: Подготвени сме за преговори, но не прифаќаме ултиматуми

По претходната изјава од Кремљ, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва е подготвена за разговори откога американскиот претседател Доналд Трамп се закани со санкции за купувачите на руски извоз.
Сепак, Рјабков нагласи дека Русија не прифаќа ултиматуми.
Еден ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал многу добар разговор со Трамп и му се заблагодари за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и да продолжи соработката за да се запрат убиствата.
Разговорот се одржа откога Трамп изјави дека е многу незадоволен од Русија.
Свет
Калас: Се надевам дека денес ќе се договориме за 18. пакет-санкции против Русија

Земјите членки на ЕУ се блиску до договор за нов пакет-санкции против Русија, изјави денес високата комесарка за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас.
„Се надеваме дека ќе постигнеме политички договор за 18. пакет-санкции. Блиску сме, многу блиску. Се надевам дека денес ќе се договориме за тоа“, рече Калас пред состанокот на министрите за надворешни работи на 27-те земји од блокот.
Според неа, „предлозите се тука и сега прашањето е дали можеме да го надминеме ветото на една земја членка или не“.
„Работиме на тоа“, рече Калас.
Извори вчера за „Ројтерс“ изјавија дека сите елементи од пакет-санкциите се договорени иако една членка сè уште има резерви во врска со предложеното намалено ограничување на цената на руската нафта.
„Ројтерс“ пишува дека е договорен механизам за динамично ограничување на цените. Европската комисија во петокот предложи ограничување на цената на руската нафта со флуктуирачки ценовник од 15 проценти под просечната пазарна цена во претходните три месеци.
Еден од изворите рече дека почетното ограничување ќе биде 47 долари за барел врз основа на просечната цена на руската нафта во изминатите 22 недели намалена за 15 проценти. Цената ќе се преиспитува на секои шест месеци.
Европската комисија минатиот месец го предложи 18. пакет-санкции против Русија насочени кон приходите од енергетиката, банкарството и воената индустрија. Новиот пакет забранува трансакции со рускиот гасовод „Северен тек“.