Спорт
Ковалчук потпиша 17 годишен договор со Њу Џерси Девилс
Илија Ковалчук е еден од најбараните хокеари во НХЛ лигата. Тој годишно постигнува по четириесетина голови. Само минатата сезона имаше 41 гол и 44 асистенции. Затоа не е чудно што Њу Џерси Девилс сакаа да го имаат на долги патеки
Сепак 17 годишниот договор е изненадување за целата јавност. Не се памети дека некој досега потпишал договор на толкав период. Ковалчук ќе заработува различно секоја година. Во првите две наредни сезони по 6 милиони $, следните пет години по 11,5 милиони $, а цифрата полека ќе опаѓа до 550.000 $ во последните пет години од договорот.За Ковалчук беа заинтересирани и ЛА Кингс, Њујорк Исландерс и Ст. Петербург од Русија. Во февруари Ковалчук одби 12 годишен договор вреден 101 милион долари од Трешерс. Сегашниот е 102 милиони, но за пет години подолг период. Објаснувањето е дека Ковалчук смета дека со Девилс полесно ќе го освои Стенли Купот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Инзаги го откачил Манчестер јунајтед
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, нема намера да го напушти клубот и да се пресели во Манчестер јунајтед, објавија италијанските медиуми.
Навосно луѓе од Манчестер јунајтед го контактирале Инзаги кој експресно добил било какви разговори. Тренеот кој минатата сезона на Интер му ја донесе 20.титула во Серија А има цврст договор со клубот.
Инаку, Јунајтед се подготвени да го отпуштат Ерик Ден Хаг, а веројатно тоа ќе се случи доколку утре не успее да ја победи Астон Вила во Бирмингем.
Откако Инзаги ја одбил понудата, како можни кандидати се споменуваат Холанѓанецот се споменуваат Масимилијано Алегри, Томас Тухел и Герет Саутгејт.
Спорт
Кавани го продолжи договорот со Бока Јуниорс
Фудбалерот на Бока Јуниорс, Единсон Кавани го продолжи договорот до 31 декември 2026 година, соопшти во саботатаславниот агрентински клуб.
Кавани (37) пристигна во Бока Јуниорс во јули 2023 година, а имаше договор до крајот на оваа одина.
Уругвајскиот фудбалер одигра 43 натпревари за Бока Јуниорс и постигна 20 голови.
Претходно играше за Валенсија, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, Наполи, Палермо и Данубио.
𝗡𝘂𝗻𝗰𝗮 𝗺𝘂𝗰𝗵𝗼 𝗰𝘂𝗲𝘀𝘁𝗮 𝗽𝗼𝗰𝗼: Felices de tenerte hasta 2026, Edi 💙💛💙 pic.twitter.com/xTJcmgEowM
— Boca Juniors (@BocaJrsOficial) October 4, 2024
Спорт
Бањаја победи на спринтот во Јапонија
Франческо Бањаја е победник на спринт трката на Јапонското ГП во Мотеги.
Актуелниот светски шампион во Мото ГП шампионатот во исклучително интересна трка стигна до триумфот и ја намали разликата во вкупниот пласман во однос на Хорхе Мартин.
Италијанецот славеше пред сонародникот Енеа Бастианини и Шпанецот Марк Маркез. Лидерот во шампионатот Мартин ја заврши трката на четвртата позиција.
Пред последниот круг Бањаја имаше голема предност, но потоа наеднаш почна да попушта. Во последниот свиок и Бастианини и Маркез имаа можност да нападнат но Италиајнецот успеа да ја зачува предноста и да слави
Трагична фигура на спринтерската трка е младиот Педро Акоста (ГасГас КТМ), кој имаше голема предност до четири круга пред крајот, но ја загуби контролата контрола над мотоциклот и паднал.
Мартин сега води во генералниот пласман со 372 бода, 15 повеќе од Бањаја. Бастианини е трет со 300, додека Марк Маркез е на четвртото место со 295.
Трката за Големата награда на Јапонија се вози во недела во 7 часот по средно европско време.