Македонија
Вељаноски-Граѓаните најзаслужни за успехот на Македонија
Граѓаните на Македонија, кои сите овие години со над 90 насто даваа поддршка за евроинтегративните процеси, се најзаслужни за успехот
Граѓаните на Македонија, кои сите овие години со над 90 насто даваа поддршка за евроинтегративните процеси, се најзаслужни за успехот.
Ова во четврток во Скопје го изјави претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски, откако евроамбасадорот Ерван Фуере му го предаде извештајот на Европската комисија, во кој децидно се утврдува напредокот на земјата и се препорачува почеток на преговорите со Европската унија.
„Големата поддршка на граѓаните ја олеснува работата на нас политичарите, но во истовреме ја заострува и нашата одговорност“, рече Вељаноски, притоа изразувајќи им благодарност на сите пратеници без разлика дали се од опозицијата или власта, без разлика на етничката припадност за нивниот придонес во процесот на интегрирање на Македонија во Европската унија.
Тој изрази благодарност и за пријателите од меѓународната заедница, кои помагаат европскиот пат да го чекориме побрзо и поуспешно и на медиумите, за развојот на демократските процеси.
Убеден сум дека Република Македонија, Собранието, Владата и сите други институции, но и сите граѓани по извештајот на Европската комисија многу поинтензивно и поодговорно ќе работат на нашето интегрирање во Европската унија, истакна претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

