Македонија
„Излези да гласаш“: До 12 часот најголема излезност во Општина Новаци
Коалицијата на НВО „Излези да гласаш“ на прес – конференција ги објави информациите од процесот на гласање на гласачките места за излезноста на гласачите добиени според обработените податоци од гласањето до 12 часот.
Според добиените податоци на оваа организација најголема излезност до 12 часот регистрирана е во Општина Новаци каде своето право на глас го оствариле 45,66 отсто од граѓаните.
Според нивната статистика во првата изборна единица податоците отворат дека во Општина Аеродром до 12 часот своето право на глас го искористиле 25,92 отсто од гласачите, во Општина Центар гласале 23,54 отсто од евидентираните граѓани во избирачкиот список додека во Сарај излезноста изнесува 15,97 отсто.
Во втората изборна единица во Општина Ѓорче Петров гласале 25,22 отсто од гласачите, во скопската општина Бутел своето право на глас го искористиле 23,96 отсто од граѓаните, во Гази Баба 23,26 отсто, а во Куманово своето гласачко право го искористиле 19,14 отсто од избирачкиот електорат.
Според податоците за третата изборна единица во Општина Кратово регистрирана е најголема излезност до 12 часот односно 38,21 отсто од граѓаните излегле да гласаат.
Во Берово гласале 31,13 отсто, 29,33 отсто излезност е забележана во Пехчево, Делчево бележи излезност од 24,21 отсто од гласачите, во М.Каменица на гласање излегле 30,72 отсто од граѓаните, Чешиново – Облешево 23,57 отсто, Лозово 28,05 проценти, Градско 30,20 отсто, излезност од 21,69 отсто забележана е во Општина Илинден, во Свети Николе на гласање излегле 35,90 отсто од гласачите на оваа општина и во Ранковце своето право на глас го искористиле 24,60 отсто од избирачите евидентирани во избирачкиот список.
Во четвртата изборна единица најголема излезност до 12 часот регистрирана е во Општина Новаци каде е забележано дека гласале 45,66 отсто од гласачите.
Во Струмица на гласање излегле 23,73 отсто од граѓаните, во Босилово гласале 13,88 отсто, Василево 17,82 проценти, Ново Село 19,41 отсто, во Богданци регистрирана е излезност од 29,18 отсто, Валандово 24,94 проценти, Гевгелија 27,70 отсто, во Демир Капија своето гласачко право го искористиле 34,56 отсто од гласачите, во Росоман гласале 26,84 отсто, Кривогаштани 26,30 проценти, Могила 20,14 отсто од гласачите излегле да гласаат.
„Излези да гласаш” за петата изборна единица обработени резултати од гласањето до 12 часот процесуирала само за две општини и тоа Ресен каде била забележана излезност од 23,52 проценти и Вевчани каде на гласање излегле 26,42 отсто од гласачите во оваа изборна единица.
Резултатите од шестата изборна единица добиени од обработени податоци кои се однесуваат на излезноста на граѓаните во изборниот процес до 12 часот според „Излези да гласаш” говорат дека во Јегуновце на гласање излегле 14,31 отсто од гласачкото тело во оваа општина, во Теарце гласале 11,95 проценти од гласачкото тело и во Дебар на гласање излегле 11,47 проценти. Од оваа НВО организација нагласуваат дека гласачките места се навремено отворени и генералната оценка од нив за изборите до 12 часот е дека процесот тече мирно и достоинствено во позитивна атмосфера./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

