Скопје
Откриена спомен-плоча на Јуриј Гагарин

Спомен-плоча на Јуриј Гагарин беше откриена во четврток во Парк Македонија во Скопје.
„На 12 април 1961 година космонаутот Јуриј Гагарин излезе од земјината атмосфера и по повеќе од час и половина престој во вселената безбедно се врати на земјата. Оттогаш почна да се испишува и нова страница на човечката историја.И денес Гагарин е симбол на човештвото за бестрашност, за технолошки просперитет и за прв чекор кон освојувањето на простори надвор од границите на земјината топка.И затоа, граѓаните на Скопје со задоволство го одбележуваат денот на летот на првиот човек во вселената и со задоволство ја примаат донацијата – споменик на Јуриј Гагарин, поставен на истоимената улица“, истакна градоначалникот Коце Трајановски.
Градоналникот Општина Карпош, Стевчо Јакимовски изјави дека во непосредна близина на спомен-плочата се наоѓа и улицата којашто го носи името на овој голем човек кој по неговиот лет во вселената испиша нови страници во светската историја.
Амбасадорот на Руската Федедерација во Република Македонија Олег Николаевич Шчербак, истакна дека спомен-обележјето во Скопје ќе не потсетува сите на подвигот кој прв го направил Јуриј Гагарин, а тоа е да полета во вселената и успешно да се врати во татковината. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)