Свет
Пак диви шанкови на струшките плажи
На струшкото крајбрежје последниве седум дена неконтролирано се поставуваат угостителски објекти и лесна урбана опрема.
САМОВОЛИЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ
На струшкото крајбрежје последниве седум дена неконтролирано се поставуваат угостителски објекти и лесна урбана опрема. Сеуште не се знае кој ја поставува урбаната опрема и шанковите и сето тоа се прави самоиницијативно, велат струшките угостители.
На струшкото крајбрежје последниве седум дена неконтролирано се поставуваат угостителски објекти и лесна урбана опрема. Сеуште не се знае кој ја поставува урбаната опрема и шанковите и сето тоа се прави самоиницијативно, велат струшките угостители. До сега се монтирани 20-тина шанкови. Тие се во форма на дрвени куќарки од по 5-6 квадратни метра и се поставуваат долж крајбрежјето на само 15-тина метра од плажите и на растојание од само неколку метра една од друга.
Куќарките шанкови се поставуваат ноќе, кажуваат стружани. Отакако ќе се постави една, другите чекаат да видат дали некој ќе дојде да го урне дивопоставениот објект. Кога ќе видат дека никој не реагира, веднаш поставуваат и други шанкови и на тој начин до сега на струшкото крајбрежје никнаа 20-тина шанкови.
Струшките угостители реагираат на нелојалната конкуренција, но не знаат каде да се обратат бидејќи не знаат кој ги поставува шакновите и дали воопшто некој има дозвола за тоа. Велат, таму нема поставено ниту водовод ниту канализација за тие објекти поради што се загадува и крајбрежјето и Езерото.
"Ние плаќаме данок и кирии, имаме фискални каси, вработените ни се осигурани и заслужуваме барем рамноправно да учествуваме и да поставиме шанкови на плажите, велат од здружението на струшките кафетерии и ноќни клубови.
Владата неодамна даде согласност локалната самоуправа да може да го издава на користење крајбрежјето, но ги задолжува градоначалниците да донесат детални урбанистички планови за тие места и со непосредна спогодба да го дава тоа земјиште под закуп.
На тоа реагираат струшките угостители кои обвинуваат дека при издавањето под закуп имало привилигирани концесионери со кои кришум било разговарано, а тие не биле воопшто информирани и тргнати на страна.
Ова не е ништо ново на плажите на Охридското езеро, туку е кулминација на самоволието на локалните власти кое трае 15 години, без оглед дали се од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ, или сега од ДУИ.
Вчера градоначланикот на Струга Рамиз Мерко не беше во кабинетот, па не можевме да дознаеме кој и како добил дозвола да постави објекти на струшките плажи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија.
„Москва отсекогаш ја разбирала опасноста дека Европа се подготвува за војна со Русија и сите безбедносни мерки се преземени однапред“, рече Песков во интервју за весникот „Лајф“, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека зголемувањето на воените буџети на европските земји води до преоптоварување на нивните економии.
„Европските земји се залагаат за понатамошно зголемување на нивните воени буџети, дури и ако тоа ги уништува нивните економии. Ова води до економско преоптоварување и потоа ќе има посериозни последици на среден рок“, рече Песков.
Како што изјави, Москва ја дели оценката на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека Европа јасно се подготвува за војна со Русија.
„Визијата на Москва се совпаѓа со онаа на Белград и силните промилитаристички чувства навистина преовладуваат во Европа“, додаде портпаролот на рускиот лидер.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан до Брисел; „Нема да дадеме ниту еден денар на мигрантите“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека земјата нема да го спроведе пактот за миграција на Европската Унија „сè додека има национална, патриотска влада“.
„Брисел издаде наредба. Пактот за миграција се активира. Би сакал да бидам јасен еднаш засекогаш: сè додека Унгарија има патриотска влада, нема да го спроведеме пактот за миграција“, рече Орбан во видео порака објавена на Фејсбук, објави MTI.
Тој нагласи дека Унгарија нема да прифаќа мигранти и нема да им даде ниту еден денар.
Пактот за миграција и азил е збир на правила на ЕУ што треба да почнат да се применуваат од јуни 2026 година, а неговата цел е да се создадат ефикасни и униформни процедури за управување со пристигнувањата, да се обезбеди фер распределба на товарот меѓу земјите-членки и да се воспостави солидарност, а во исто време да се заштитат основните права на мигрантите.
Фото: принтскрин
Свет
Европскиот комесар признава: Нема единство во одбраната на ЕУ
Обединувањето на земјите-членки на Европската Унија во областа на одбраната нема да се случи наскоро, изјави европскиот комесар за одбрана и вселена Андријус Кубилијус во интервју за „Вашингтон пост“.
„Ние сме многу индивидуални во одбраната, а обединувањето и постигнувањето нешто, е предизвик. Тоа нема да се случи наскоро, но мора да ја погледнеме пошироката слика“, нагласи Кубилијус.
Според весникот, европските членки на НАТО се навикнати да дејствуваат под водство на САД, додека во рамките на ЕУ постои ризик од борба за влијание меѓу националните влади и Европската комисија, која традиционално нема значајна улога во одбранбениот сектор.
Кубилијус истакна дека постојат неколку пречки за военото обединување на европските земји. Како што наведе, производството на опрема е „целосно фрагментирано“, земјите се навикнати да дејствуваат независно, а влијанието на ЕУ во воените прашања е „екстремно ограничено или воопшто не постои“.
„Не можете само да издадете декрет дека сите мора да дејствуваат заедно утре“, рече комесарот.
Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека создавањето на единствена армија на Европската Унија без учество на Соединетите Американски Држави не се очекува во блиска иднина поради бројни тешкотии. Според овој весник, повлекувањето на американските трупи од одредени региони ја обнови дебатата за поголема одбранбена независност во Европа во рамките на НАТО.
Фото: принтскрин

