Свет
Свинскиот грип помалку опасен од обичниот?!
Престижниот Харвардски универзитет ги објави резултатите од истражувањето според кои свинскиот грип со најтешка кличничка слика е за малку поопасен од обичниот
Според истражувањето спроведено во Њујорк и Милвоки, свинскиот грип е смртоносен само во 0,048 отсто случаи. Од Uниверзитетот велат дека најверојатно вкупните резултати ќе покажат дека грипот предизвикан со вирусот H1N1 е многу поблаг отколку сезонскиот грип.Водачот на тимот што го спровел истражувањето, Марк Липсич, објаснува дека тоа значи дека на секои две илјади луѓе кои имале симптоми на пандемискиот грип, еден човек починал. Натаму, резултатите покажуваат дека по заразувањето со вирусот, на лечење во здравствена установа биле само 1,44 отсто Американци кои имале видливи симптоми на свинскиот грип, а само 0,24 отсто од нив биле на интензивна нега.Тој додал дека овие резултати треба да ја стишаат паниката што ја дигнале политичарите и здравствените работници кои според него сеат страв тврдејќи дека свинскиот грип ќе убие милиони луѓе низ светот. Сепак, стручњаците од Харвадр ја оставаат можноста вирусот да мутира и да стане многу поопасен.Според овие резултати на Харвард, во САД од последици на компликации предизвикани со новиот вирус на свинскиот грип би можеле да починат меѓу 7.800 и 29 илјади луѓе. Истовремено од сезонскиот грип во САД секоја година се хоспитализирани 200 илјади Американци, а 36 илјади починуваат.
Бројките може да го демантираат ХарвардНа крајот од ноември, според Светската здравствена органзиација новиот вирус на грипот А(H1N1) е причинител за смртта на околу осум илјади лица, во 206 држави и територии во светот.Американскиот континент и во ноември беше најтешко засегнат со 5.360 смртни случаи, од кои 554 беа регистрирани само во последната седмица од минатиот месец.Свинскиот грип во САД се прошири на 48 сојузни држави каде има многу случаи на заболени, додека на Хаваи и во Јужна Каролина регистрирана е незначителна бројка инфицирани.Според податоците на американскиот Центар за следење и превенција на болестите (CDC) од Атланта, од новиот тип свински грип главно страдаат младите луѓе. Во споредба со сезонскиот грип, млaдите и децата и натаму се несразмерно повеќе погодени од грипот. Од април во САД се потврдени повеќе од 120 случаи на педијатриска смрт како последица од инфекција со вирусот A(H1N1), а од тоа половината биле само во септември и октомври.Европејците сепак се плашатЕвропските лекари пред две седмици изнесоа прогнози дека од пандемијата од грипот од типот на A(H1N1) може да починат 40 илјади лица, по што би следел бран од обичниот грип од кој би можеле да починат исто толку Европејци.Европскиот центар за превенција и следење на болестите (ECDC) од седиштето во Штокхолм издаде соопштение во кое се вели дека не може да се предвиди кога ќе биде достигнат врвот на пандемијата, но се смета дека тоа ќе се случи со настапувањето на зимата кога и натаму ќе има илјадници жртви.„Сите европски држави ќе бидат погодени и затоа националните системи на здравствена заштита ќе бидат под голем притисок“, изјавила директорката на Центарот, Зузана Јагаб.ECDC смета дека е тешко да се предвиди какви ќе бидат резултатите кога ќе се случи поклопување на пандемијата од свинскиот грип и сезонскиот грип, страхувајќи дека на почетокот од 2010 г. постои голема можност од епидемија на опасни сезонски грипови.До крајот на пандемијата две милијарди луѓе ќe заболат од свинскиот грипДо крајот на пандемијата со новиот вирус ќе бидат заразени меѓу 15 и 45 отсто од вкупната популација во светот. Триесет отсто е средна проценка, а 30 отсто од светската популација се две милијарди луѓе, предупредија уште во август од Светската здравствена организација, нагласувајќи дека тоа се само груби проценки.Обединетите нации заради таквите проценки претходно ги обвинуваа СЗО дека шират паника, но според неа од прогласувањето пандемија на 11 јуни утврдено е дека новиот грип од типот А(H1N1) се шири далеку побрзо од сите претходни случаи на пандемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска: Времето за разговор со Путин ќе дојде, но не сега
Полска предупреди дека Европската Унија не треба избрзано да ги обновува дипломатските канали со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека секој иден контакт со Москва мора да се води исклучиво преку институциите на Унијата.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави во Брисел дека ЕУ веќе има јасна контакт-точка со Русија преку високата претставничка за надворешна политика Каја Калас и дека не треба да се создаваат нови механизми или посредници кои би можеле да го ослабат притисокот врз Кремљ.
„ЕУ веќе има свој глас. Тоа е Каја Калас“, рече Сикорски, додавајќи дека секој разговор со Москва мора да биде цврсто втемелен во заедничката политика на ЕУ, а не во иницијативи на поединечни земји.
Тој оцени дека „времето за разговор со Путин ќе дојде, но тоа не е денес“, предупредувајќи дека Европа не смее да наседне на, како што рече, триковите на Кремљ.
Дебатата се отвори откако францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони ја споменаа можноста за обновување директни комуникации со Москва, речиси четири години по почетокот на војната во Украина.
Фото: Depositphotos
Свет
Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето
На Сонцето се формира голема коронална дупка, според најновите податоци од Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките и Институтот за соларно-терестријална физика, објавија денес руските медиуми.
Според податоците на таа лабораторија, дупката е висока околу еден милион километри, објави агенцијата Интерфакс.
Како што е наведено, појавата на бројни коронални дупки на Сонцето започнала во првите месеци од минатата година, веднаш по врвот на сончевиот циклус што се случил помеѓу октомври и декември 2024 година.
Ова доведе до зголемување од 60 проценти на бројот на магнетни бури минатата година, соопштија научниците.
„Севкупно, зголемувањето на бројот на магнетни бури би можело да продолжи уште најмалку две години, приближно до 2028 година, по што треба да започне брзо опаѓање на сите видови сончева активност, што би довело до сончев минимум околу 2029 и 2030 година“, се наведува во извештајот на лабораторијата, пренесе руската агенција Танјуг.
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.

