Свет
Хакерите ја нападнаа Фејсбук страницата на претседателот на Колумбија
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос соопшти преку својот микроблог Twitter дека хакерите од Anonymous во четвртокот го нападнале неговиот профил на итнернет ресусрсот за социјално вмрежување Facebook, јави Синхуа.
Како што пренесува агенцијата, хакери на приватната страница на претседателот Хуан Мануел Сантос поставиле видео насловен „Лажна независност“ (False Independence),во кое се прикажува дека не е возможно да се прославува независноста на земјата во која постојат такви проблеми како што се големото насилство и невработеноста. Пред десетина дена припадниците на хакерската група Anonymous украдоа околу 90 илјади електронски адреси и лозинки од компјутерска мрежа на компанија Буз Ален Хамилтон (Booz Allen Hamilton ), еден од најголемите снабдувачи на Пентагон, и ја објави листа на украдените адреси на јавниот домен.Во текот на изминатите два месеца, тоа веше втор хакерски напад врз еден од најголемите партнери на американскиот Пентагон. Во мај цел на хакерски напад беше производителот на воена опрема Локид Мартин (Lockheed Martin), чија компјутерска мрежа беше извесно време под владение на непознати хакери. Според експертите, природата на нападот на Локид Мартин ја покажува неговата темелна подготовка, а Anonymous обично се користат со релативно едноставни методи за „напади“.Оваа група првенствено е позната по нападите од крајот на минатата година на страниците на „непријателите“ на контроверзнито итнернет ресурс WikiLeaks – PayPal, Visa и MasterСard., како и по неодамнешното обединување со друга група на хакери позната како LulzSec. Последни цели на на нивните напади беа итнернет ресурсите на компаниите на Sony, Nintendo, Google, и Citigroup, како и на американскиот Сенат и на ЦИА, итнернет страниците на претседателот и на владата на Бразил, како и други интернет ресурси. Пред две седмици италијанската полицијата ги утврди идентитетите на организаторите и двајца припадници италијанската гранка од хакерската група Anonymous, кои од јануари 2011 година неколкупати ги нападнаа веб-страниците на владини агенции и компании.Покрај тоа, полицијата открила уште други двајца хакери од оваа група, од кои еден е малолетник. Anonymous во првите шест месеци на 2011 година направија летри упади во итнеренет страниците на италијанската влада, на сенатот и палатата на пратениците во националниот парламент, како и на страниците на неколку големи италијански компании, како сајтовите како на италијанската компанија Eni, Finmeccanica и банката Unicredit.Според неофицијалната класификација, групата LulzSec е вброена во ткн сиви хакери. Тоа се сајберхулигани кои се пробиваат до содржините на интернет страниците или привремено ги вадат од употреба, не за свои цели, туку за да му докаже на сопственикот на страницата дека можат да му ја нарушат безбедноста или, пак, од одмазда.Досега истражните органи не успеаја ефикасно да се спротистават на активностите на LulzSec, кои се чувствуваат многу безбедни. Така минатата седмица LulzSec отвори телефонска „жешка линија“ преку која корисниците можат да се жалат на која и да е интернет страница. Доколку раководството на LulzSec оцени дека „тужбата“ е основана групата го користи своето „мрежно оружје“.На 25-ти мај беше објавено за хакерскиот напад врз интернет страницата на Sony Ericsson кој резултираше со истекување на личните податоци на околу две илјади клиенти. Според експертите, нападот врз страницата на јапонско-шведската компанија Sony Ericsson првенствено бил насочен кој јапонскиот Sony. Неодамна во целиот свет беше изведен бран од сајбер напади а само последните неколку дена од мај стана познато дека се компромитирани четири интернет ресурси на Sony.При последниот напад неидентификувани лица успеале да добијат неовластен пристап до базата со податоци која содржи информации за регистрирани корисници на канадската онлајн продавница на Sony Ericsson eShop.Како што објави интернет страницата The Hacker News, по влезот хакерите на интернет објавиле фајл со имиња, адреси на електронската пошта и лозинки (лозинките на корисниците не се дадени откриено, туку се трансформираат преку хеш-функцијата).Како што пишуваше Cnet, хакерите ја нападнале интернет страниците на јапонската, грчката и индонезиската подружница на Sony Music Entertainment. При хакирањето на грчката страница истекле лични податоци на повеќе од осум илјади корисници. Листата на компромитиран лични информации вклучува имиња и лозинки, телефонски броеви и адреси од електронска пошта.Според податоците на The Hacker News , нападите врз Sony Ericsson и Sony Music Entertainment биле технички слични, спроведени со помош на ткн SQL-инјекција. Овој метод овозможува со помош на специјално подготвен пребарувач на серверот да се добие пристап до системот ист каков што имаат администраторите во однос на просечниот корисник.Околу 18-ти мај интернет страницата на тајландската филијала на Sony, една од страниците на ресурсот, беше заменета од страна на непознати лица, најверојатно со цел да се измамат банкарски податоци на посетителите на ресурсот. Покрај тоа, исто така кон средината на минатиот месец, хакери успеале да ги турнат ресурсите на јапонски интернет провајдер So-net, во сопственост на корпорацијата Sony.Серијата напади против Sony започна во април, кога хакерската група Anonymous извесен период извади од функција неколку веб сајтови на корпорацијата. Скорешниот потоа напад на забавните сервиси Sony PlayStation Network, Qriocity и Sony Online Entertainment беше причината за истекување на личните податоци на повеќе од 100 милиони корисници. Како што очекува корпорацијата, загубата поради хакерскиот напад би можела да изнесува повеќе од 170 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мадона ги поддржа демонстрантите во Иран: „Ја земаме слободата здраво за готово“
Мадона ја изрази својата поддршка за народот на Иран, велејќи им да се „држат цврсто“.
Во објава на Инстаграм, 67-годишната музичарка сподели видео од себе како јава коњ низ пустината во Мароко, поврзувајќи ја сопствената слобода со борбата на демонстрантите во Иран. Мадона е една од ретките светски ѕвезди кои јавно ги поддржуваат протестите.
„Држете се цврсто… Не можам да смислам порелевантна фраза од оваа додека влегуваме во Годината на Огнениот коњ! Додека размислувам за моето време во Мароко за време на празниците, мислам на сите луѓе во Иран кои се борат во многу потребната револуција и се подготвени да умрат за она во што веруваат“, започна Мадона.
„Толку многу работи земаме здраво за готово. Вклучувајќи ме и мене. Слободата да патувам низ светот. Да носам што сакам. Да јавам коњ низ пустината. Да зборувам слободно и да не бидам замолчена од казни, тортура и можна смрт. Да пеам. Да танцувам. Да го изберам својот духовен пат, а не туѓиот… Жените во Иран немаат таа слобода. Јас сум со нив“, продолжи таа.
Таа ја заврши својата порака со зборовите: „Народот на Иран со векови не ја познава слободата. Не можам да тврдам дека навистина го познавам страдањето што е претрпено, но моите мисли и молитви се со народот на Иран. Времето е сега. Држете се цврсто! Јас сум со Иран. Нека се чујат нивните гласови… СЛОБОДЕН ИРАН!“
Протестите во Иран започнаа кон крајот на декември 2025 година поради наглиот пад на вредноста на валутата и лошата економска состојба, и се проширија во повеќе од 180 градови. Откако иранските власти го исклучија интернетот на 8 јануари, земјата започна со масовни убиства на демонстранти. Безбедносните сили започнаа невиден бран на насилство за да ги задушат демонстрациите што се ширеа низ целата земја.
фото/Depositphotos
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски предупреди: Русите подготвуваат нови, огромни напади врз Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави вечерва дека разузнавачките информации покажуваат дека Русија се подготвува за нови големи напади врз Украина.
„Некои од денешните задачи се насочени кон воздушната одбрана. Во моментов, разузнавачките информации покажуваат дека Русите се подготвуваат за нови масовни напади. Отворено разговараме со нашите партнери за ракети за воздушна одбрана, за системите што ни се толку потребни. Залихите се недоволни. Се обидуваме да ги забрзаме работите и важно е нашите партнери да нè слушнат“, рече Зеленски.
Тој додаде дека многу се прави на ниво на Министерството за одбрана на Украина и ги повика граѓаните да обрнат внимание на предупредувањата за воздушен напад.
Зеленски, исто така, во својот говор на 8 јануари предупреди за можен голем руски напад во текот на ноќта меѓу 8 и 9 јануари.
Таа ноќ, руските сили го погодија регионот Лавов со балистичка ракета „Орешник“, чии остатоци подоцна беа пронајдени од Безбедносната служба на Украина. Русите, исто така, го нападнаа Киев и регионот, каде што нивни главни цели беа станбени области и критична и транспортна инфраструктура.
фото/Depositphotos

