Свет
БС консалтинг ја обвини Рафајловска за злоупотреби
"Консалтинг БС" ја обвини министерката за економија Вера Рафајловска дека ја злоупотребува службената положба и ги тера фирмите да ги користат консалтинг услугите на нејзината фирма "Рафајловски консалтинг", да одат на нејзините советувања и да се претплатуваат на нејзините списанија.
ФИРМИТЕ НА ЕКСМИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ И НА АКТУЕЛНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕКОНОМИЈА СЕ ИСПОПЛУКАА
"Консалтинг БС" ја обвини министерката за економија Вера Рафајловска дека ја злоупотребува службената положба и ги тера фирмите да ги користат консалтинг услугите на нејзината фирма "Рафајловски консалтинг", да одат на нејзините советувања и да се претплатуваат на нејзините списанија. "Консалтинг БС" поради тоа изгубил околу 1.000 клиенти. Конкретно, ЈП "Македонски шуми" со "Консалтинг БС" склучило договор за организирање и посета на советување во Сандански, Бугарија, но не отишле на советувањето затоа што "со наредба на министерката за економија учесниците биле присилени да присуствуваат на семинар во Охрид, организиран од ‘Рафајловски консалтинг’", изјави вчера Славица Пековиќ, управител на "Консалтинг БС".
Министерката Рафајловска е соосновач на фирмата "Рафајловски консалтинг", заедно со нејзиниот син, а газда на "Консалтинг БС" е ексминистерот за финансии Борис Стојменов.
"Консалтинг БС" смета дека Рафајловска го злоупотребува називот на Министерството за економија на своите семинари, и бара од премиерот "да почне да размислува да ја смени Рафајловска, бидејќи таа повеќе време посветува на бизнисот на својата фирма отколку на ресорот што го води".
Министерката за економија Вера Рафајловска вчера изјави дека откако е министерка нема никаква врска со "Рафајловски консалтинг", преупатувајќи одговорите на обвинувањата да ги даде нејзиниот син Горан Рафајловски.
"Ова е хајка против нас и покритие за неспособноста на ‘Консалтинг БС’. Лошото работење во последниве 5 години на ‘Консалтинг БС’ не може никој да го надомести зашто е предизвикано од тотално нев�%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Доктор од Македонија прегазил куче во Софија и продолжил да вози, случајот ја разбранува Бугарија
Дваесет и деветгодишен маж од Македонија со автомобил прегазил куче, а потоа побегнал од местото на настанот, јави „БТВ“. Инцидентот бил снимен со безбедносна камера.
Маја, улично куче за кое жителите од маалото се грижеле веќе 14 години, била прегазена пред гаража. На снимката се гледа како возачот запира по ударот, излегува од автомобилот, но наместо да помогне – си заминува. Настанот предизвика илјадници коментари и осуди на социјалните мрежи.
Според „Офњуз“, сторителот признал дека го удрил кучето, но тврдел дека маневрот бил ненамерен и дека немал никаква намера да ѝ наштети. Полицијата потврди дека мажот е државјанин на Македонија, без криминално досие и дека не бил под дејство на алкохол.
Материјалите од истрагата се доставени до Окружното обвинителство во Софија, идентификувани се тројца сведоци и запленет е видеозаписот од безбедносната камера.
Од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, за БТВ изјавиле дека раководството е информирано за инцидентот и дека соработуваат со надлежните органи.
Свет
Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини
Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.
Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.
Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.
„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.
Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.
Свет
(Видео) Се урна нов мост во Кина
Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.
The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China has collapsed.
Looks like the foundation on the mountain was not deep & strong enough.*This is a big dent on China’s structural engineering image & China haters are already having a field day laughing & mocking this… pic.twitter.com/bjSh0XhQMT
— Zimbo_Factual (@fracta70911) November 11, 2025
Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.
Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

