Македонија
Денот на Европа се одбележува со бројни активности
Под слоганот „Обединети во различностите“ годинава Денот на Европа, 9-ти мај во Македонија се одбележува со бројни манифестации и активности, во организација на Европското движење на Македонија.
Под слоганот „Обединети во различностите“ годинава Денот на Европа, 9-ти мај во Македонија се одбележува со бројни манифестации и активности, во организација на Европското движење на Македонија. Одбележувањето започна на 27-ми април со панел дискусија одржана во Кавадарци, а ќе финишира на 29-ти мај со Свечена академија во Младинскиот културен центар во Скопје. Предвидено е во овој период да се одржат јавни трибини во шест градови во Македонија, меѓународна конференција, свечена академија, студентски дебати, натпревари за три најдобри есеи, награди за најмладите сликари, натпревар во ораторство и други граѓански манифестации. „Важно е да покажеме дека Европа е многу повеќе од досадни бирократи, закони кои што треба да се усвојат. Европа е клуб во кој што сакаме вие да членувате. Тоа е еден клуб во кој што вие припаѓате“, вели евроамбасадорот Петер Соренсен.„Веруваме дека со сите активности, кои што ќе бидат организирани не само во Скопје, туку и низ целата држава ќе успееме уште повеќе да им ги доближиме на македонските граѓани вредностите на Европската Унија, вредностите кои што се трудиме и ние да ги сочуваме овде во нашата држава, што секако ќе придонесе за популаризација на самата Европска Унија и за одржување на високата поддршка за влез на Македонија во Европската Унија“, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски.Оваа година одбележувањето на 9-ти мај се одржува во сите европски земји, а е во знак на 60-годишнината од Шумановата декларација. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови
Времето утре облачно, насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, порачуваат од СДСМ
Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон, велат од СДСМ.
„Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица.
Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена.
Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе.
Не ви се плашиме.
Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите“.
Од СДСМ најавуваат дека новите бомби се спремни. Велат дека имаат докази за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и дека се ќе објават.
„А на крај ќе одговарате.
Работата се уште не е завршена“.

