Свет
Анализа: „Економист“ за изборите во Јапонија
Наото Кан, јапонскиот премиер кој се обиде да ги убеди гласачите дека презадолжената економија на земјата се повеќе наликува на грчката, сега треба да ја води битката на својот живот за да остане на функцијата, откако
Наото Кан, јапонскиот премиер кој се обиде да ги убеди гласачите дека презадолжената економија на земјата се повеќе наликува на грчката, сега треба да ја води битката на својот живот за да остане на функцијата, откако неговата партија постигна катастрофални резултати на изборите за јапонскиот горен дом во неделата на 11 јули. Помалку од шест недели откако ја презема функцијата, можноста за уште една лидерска криза нагло се зголемија. Кан е шестиот јапонски премиер во последниве четири години, а веќе се наѕира нова политичка криза. Единствена утеха е тоа што, гласајќи за други партии, Јапонците испратија јасен сигнал дека сакаат подобар економски менаџмент и побрз развој.
На овие избори за половина од седиштата во горниот дом на Диетот (парламентот), сировите бројки покажуваат каква папазјанија направи Демократската партија на Јапонија (ДПЈ) од владеењето со Јапонија, откако ги симнаа од власт долгогодишните владетели на земјата од Либерал демократската партија (ЛДП) пред десет месеци. ДПЈ освои само 44 седишта, десет помалку отколку што се надеваа и далеку од потребното мнозинство, дури и во коалиција со својот помал партнер. Во долниот дом, на ДПЈ и недостасува магичното двотретинско мнозинство, со кое ќе можеше да го заобиколи горниот дом. Оттаму, на ДПЈ ќе и биде исклучително тешко да обезбеди поддршка за донесување на легислативата за која се залага.
Значи,. ќе мора да се прават додатни коалиции. Но задачата да се пријде до другите политички партии е додатно искомплицирана поради тоа една од партиите кои најмногу „ќарија“ од премрежието на ДПЈ е нивниот стар „душман“, ЛДП. Ова е, најверојатно, најголемото изненадување на изборите во неделата: минатиот септември, кога ДПЈ ја избрка од власт, ЛДП беше во расуло. Во неделата оваа партија, всушност, освои повеќе седишта од ДПЈ, 51, најмногу благодарејќи на добрите резултати постигнати во префектурите со мнозински изборен систем, каде што освои 21 место, споредено со осумте на ДПЈ. делумно најмногу се должат на нејзината стара политичка машина, која не ја заврши целата работа, но целосно ја искористи дезилузионираноста со ДПЈ. Уште еден фактор можеби помогнал за разликата: Шинџиро Коизуми, телевизичниот син на телевизичниот поранешен премиер Јуничиро Коизуми, неуморно ја водеше кампањата за секој кандидат на партијата одделно, иако самиот не беше кандидиран на овие избори. Граѓаните во текот на кампањата кон него се однесуваа како кон поп – ѕвезда, а во земја каде што на политичарите им недостасува шармот на ѕвездите, таквиот магнетизам значи многу.
Уште една младешка сила која добро мина на овие избори беше „Вашата партија“, формирана пред една година од незадоволни членови на ДПЈ и на ЛДП. Таа доби десет седишта, згора на едното кое веќе го имаше. Седум од новите места во горниот дом дојдоа преку пропорционалното гласање, со што „Вашата партија“ изби на површината како нива сила на јапонската политичка сцена. Според зборовите на нејзиниот претседател, Јошими Ватанабе, партијата се надева да стане „чувар на портата“ во новиот Диет, но силно се спротивставува на опцијата да влезе во коалиција со ДПЈ. Тоа е партија чиј врвен приоритет е заздравувањето на јапонската економија. Интересно, Ватанабе вечерта на изборите изјави дека нејзина прва цел би била да ја реформира Банката на Јапонија и да ја сопре дефлацијата. Без детаљи, но за оние кои мислат дека централната банка ја носи главната одговорност за јапонската економска болест, тоа би бил добар старт.
Што се однесува на економијата во поширока смисла, овие избори тешко може да се „прочитаат“. И ДПЈ и ЛДП се залагаа за покачување на данокот на потрошувачка, но се чини дека ЛДП не беше казнета поради тоа. „Вашата партија“ се противи на покачувањето на данокот, но не изгуби ништо поради тоа. Популистичката Нова народна партија која, како коалициски партнер на ДПЈ, очајнички се обидува да ја врати приватизацијата поштенскиот систем, не освои ниту едно место. Сите жени – кандидатки блиски до Јуничиро Коизуми, реформистот кој беше претставен како главен виновник за се лошо во Јапонија на минатогодишните парламентарни избори, победија во своите изборни единици.
Најверојатно најважната порака од овие избори е таа дека гласачите сакаат лидери кои знаат што прават. За жал, таквите се ретки. Кан се чини исто толку заплеткан во прашањето дали да се качи потрошувачкиот данок колку што неговиот претходник, Јукио Хатојама се заплетка во прашањето на селењето на американската воздушна база на Окинава, што доведе до негова смена минатиот месец. Тоа значи и дека сега Кан се соочува со горчлива борба за лидерското место во септември. Колку и да се труди да се претстави себе си како човек од народот, во наредните неколку месеци новиот премиер треба да размислува за своето сопствено преживување, исто толку колку што ќе размислува за иднината на земјата.
Прашањето е уште колку оваа држава без насока може да си дозволи такви дефокусирања?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Монд“: Одбраната на источното крило на ЕУ треба да биде приоритет поради руската закана
Одбраната на источното крило на Европа треба да биде „непосреден“ приоритет поради руската закана, изјавија денес лидерите на осум земји од Северна и Источна Европа на самитот одржан во Хелсинки, објави парискиот весник „Монд“ на својата веб-страница.
„Русија останува закана денес, утре и во догледна иднина“, изјави финскиот премиер Петери Орпо на прес-конференција.
Ситуацијата бара источното крило на Европската Унија (ЕУ) да добие непосреден приоритет преку оперативен, координиран и повеќедоменски пристап, изјавија во заедничка изјава лидерите на Финска, Шведска, Латвија, Литванија, Естонија, Полска, Романија и Бугарија.
Потписниците ја нагласија потребата од зајакнување на копнените борбени капацитети, одбраната од беспилотни летала, воздушната и ракетната одбрана, заштитата на границите и критичната инфраструктура во рамките на ЕУ и во соработка со НАТО.
„ЕУ може да игра важна улога преку поддршка на напорите на поединечните земји-членки за зајакнување на нивните одбранбени капацитети, преку дефинирање на финансирањето, поедноставување на регулативите и подобрување на воената мобилност“, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Тој додаде дека нема знаци дека Русија сака мир во Украина.
Фото: депозитфотос
Свет
Словачкиот министер за одбрана: Украина пропушти историска шанса
Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе предизвика уште поголема штета на Киев, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“.
„Колку подолго трае конфликтот, толку поголема штета ќе предизвика на Украина“, рече Калињак, оценувајќи дека Киев имал можност да постигне поповолен договор со Русија веднаш по почетокот на војната.
Според него, околностите значително се промениле во меѓувреме, а Европската Унија повеќе нема финансиски или човечки ресурси потребни за да продолжи со сеопфатна поддршка на Украина.
„Европа е уморна. Никој не сака да ги испраќа своите војници, а земјите-членки на ЕУ веќе се двоумат кога станува збор за понатамошно финансирање. Затоа се повеќе се зборува за користење на блокирани руски средства“, истакна словачкиот министер за одбрана.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека продолжувањето на конфликтот во Украина може да доведе до избувнување на трета светска војна.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски предлага божиќно примирје; Русија го отфрла предлогот
Кремљ денес го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, велејќи дека Русија нема намера да ги запре нападите за време на празниците, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „не сака примирје што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. Тој додаде дека Русија сака „мир, а не краткорочни, неодржливи решенија“.
Зеленски предлага божиќно примирје
Предлогот за божиќно примирје прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата барем привремено да ги запре руските напади, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период.
Кремљ претходно денес изјави дека евентуалното примирје ќе зависи од тоа дали ќе се постигне поширок договор за прекин на војната. Песков, исто така, ги спомена изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален мировен договор.
„Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина“, рече Песков.
Тој исто така рече дека Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои, според американските и европските претставници, Вашингтон разговара со Киев. Украина, барем засега, тврди дека примирјето за Божиќ би било хуманитарно. Русија се чини решена дека нема да има.
Фото: депозитфотос

