Свет
Расте бројот на банкротирани фирми во Германија
Во Германија изминатата година 32.687 претпријатија прогласиле банкрот, што е за 11,6 отсто повеќе отколку во 2008 година, соопшти денеска Сојузниот завод за статистика во Визбаден.
Во Германија изминатата година 32.687 претпријатија прогласиле банкрот, што е за 11,6 отсто повеќе отколку во 2008 година, соопшти денеска Сојузниот завод за статистика во Визбаден.
Минатата година бројот на претпријатија кои повеќе не се способни за плаќање се зголеми за првпат по седум години, откако во 2003 година банкротираа рекордни 39.320 фирми.
Меѓу фирмите кои во 2009 година прогласија стечај се најдоа и големи претпријатија со долга традиција, како производителот на порцелан Розентак, стоковната куќа Квеле, производителот на модели на железници Мерклин, производителот на машини за шиење Пфаф и модната куќа Ескада.
Минатата година бројот на домаќинства кои не можат да ги исполнат своите финансиски обврски порасна за три отсто, а значително е зголемен и бројот на банкротирани лица помеѓу вработените со слободни професии.
Според наводите на надлежните власти, побарувањата на доверителите на крајот на минатата година достигнале дури 85 милијарди евра, што претставува најголема должничка сума во историјата на Германија./крај/бт/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.