Македонија
Македонската полиција заплени над половина тон марихуана

Македонската полиција заплени над половина тон марихуана на неколку локации во Тетово и уапси четворица, дрогата е проценета на најмалку 250 илјади е
Македонската полиција заплени над половина тон марихуана на неколку локации во Тетово и уапси четворица, дрогата е проценета на најмалку 250 илјади евра.
Акција започнала вчера при претрес на стан во Тетово, каде се пронајдени шест килограми и се притворени четворицата, кои биле таму.
Следеле претреси на едно бачило и куќа, сопственост на татко и син М.Р.(52), М.К.(26). Во овие претреси се одземени вкупно 529 килограми марихуана.
Полицијата против овие двајца и браќата А.К.(25) и Х.З.(23) ќе поднесе кривични пријави.
Дрогата е проценета „помеѓу 250.000 и 750.000 евра во зависност од тоа дали би ја нуделе на големо или на мало, односно по нејзината цена на улица“, соопшти полицијата./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Ќафасан откриени 21 килограм пастрмка скриени во автомобил

На Ќафасан е откриена пастрмка скриена во автомобил, во просторот за резервна гума, информира Цринската управа.
Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.
Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема, но при детална контрола се пронајдени шест кеси со риба.
Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат на дијалог, на компромис и заедништво, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на свечената седница по повод одбележувањето на 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
„Летото 2001 беше едно од најтешките во нашата понова историја. Нашата татковина беше разнишана од конфликт, од страв, од неизвесност. Имаше мигови кога изгледаше дека ништо нема да остане исто, дека патот кон пропаст е неизбежен. Но, тогаш, со храброст, со трпение и со визија, избравме пат на мир. Избравме пат на дијалог, на компромис, на заедништво. За овие работи треба да се зборува отворено и без ракавици. Дали Македонците беа најсреќни со потпишување на Рамковниот договор? Убеден сум дека тоа не е така. Чувство на огорченост, гнев. Веројатно такво било чувството и кај Албанците. Системски и тешки реформи, менување на Уставот во услови на воен конфликт. Но, да зборуваме отворено, Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир. Донесе стабилност и обезбеди зачувана унитарност на Македонија“, рече Мицкоски.
Според него, Рамковниот договор не е само лист хартија туку е симбол на зрелост, на храброст и на мудрост. Според Мицкоски, договорот е потсетник дека, колку и да се разликуваме по јазик, вера, култура или етничка припадност – сите ние делиме една историја и една заедничка иднина.
„Денес не живееме во 2001-та. Но денес, исто како и тогаш, сме пред избори – не избори на хартија, туку избори во срцето и умот. Ќе дозволиме ли повторно да се појават ѕидови меѓу нас? Ќе се препуштиме ли на поделби и недоверба? Или ќе го избереме патот кој тогаш го избравме – патот на заедништво, на почитување, на љубов кон татковината и меѓусебно разбирање?“, праша Мицкоски.
Премиерот кажа дека Рамковниот договор бил и уште е злоупотребуван од поединци.
„Над 20 години имавме структури кои го користат национализмот како најдобра прекривка за заштита на криминалот и личните интереси. Впрочем таквиот национализам е последното прибежиште на оние кои направија кариери, стекнаа огромен капитал на грбот на народот кој го делат, и врз чии поделби опстојуваат во политиката. Со една рака пишуваат и делат во каков свет ќе се живее. Со другата, ја крадат земјата, стекнуваат имоти, хотели, трговски центри, скапи возни паркови. И не им пречи бојата на парите. Таквите поделби не ги решаваат проблемите на реалните луѓе кои бараат само едно, подобар живот за себе. Како политичар не познавам ваков или таков, мал или голем свет, туку само еден свет- Македонија, дом на сите нејзини граѓани каде имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за сите нејзини граѓани“, рече Мицкоски.
Премиерот кажа дека оваа влада преку носењето на законот за правична застапеност ја исполнила и последната обврска и нема повеќе отворени прашања во овој поглед.
„Како затворено поглавје, Рамковниот договор останува да сведочи за потребата за обединување и интегрирање во исполнувањето на заедничките цели“, рече Мицкоски.
Македонија
Ахмети: Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер

Во текот на годините Албанците ги водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Нашиот придонес за државата, додаде тој, резултира со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, членство во НАТО и почнување на преговорите за членство во Европската Унија.
„Од сите овие и многу други достигнувања победи нашата заедничка држава, а никој не загуби. Сите достигнувања во изминатите 24 години ги направивме заедно, како со ВМРО и со СДСМ, така и со нашите меѓународни пријатели. Овие достигнувања се самата држава, тие се темелот на стабилноста, безбедноста и иднината на нашата земја“, рече Ахмети.
Затоа, додаде тој, ревизија на заедничките достигнувања не ни е дозволена нам кои сме автори, потписници и спроведувачи на Охридскиот договор.
„Мора да предводиме со државничка одговорност, како државотворни партии, без краткорочни и опасни популистички и изборни калкулации. Во меѓувреме, на оние што ја учеа историјата од телевизиските екрани, кои немаат никаков придонес за националните достигнувања и за процесите и кои никогаш не ја добија довербата на народот, туку беа избрани од други да им служат, им велам: Храброста по војна и мудроста по говорот – не вредат“, рече Ахмети.