Регион
Неизвесно ден пред конференцијата за Западен Балкан

Многу неизвесност има пред конференцијата за Западен Балкан, на која лидерите на сите држави од регионот се очекува да разговараат за јакнење на соработката и евроинтеграциите, што треба да се одржи во сабота во Брдо кај Крањ
Kомпликации настанаа во врска со учеството на српскиот претседател Борис Тадиќ кој е дециден дека нема да учествува на конференцијата, ако Косово не биде застапувано согласно резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Од друга страна косовскиот премиер Хашим Тачи исто така децидно тврди дека ќе присуствува ако Косово учествува под исти услови како и другите држави.Словенечкиот премиер Борут Пахор, кој заедно со претседателската на Хрватска влада Јадранка Косор, ја организира конференцијата, до последен миг се обидува да најде решение прифатливо за сите.Пахор во среда отпатува во ненајавена посета на Белград, во обид да го предомисли Тадиќ, кој цврсто стои на својот став. Словенечкиот премиер вчера беше на разговор со претседателот на Европскиот Совет Херман ван Ромпуј, кој исто така е поканет на конференцијата. Неговото учество се уште не е потврдено, а неофицијално зависи од присуството на Тадиќ.Засега Словенија останува на ставот дека конференцијата ќе се одржи, без оглед на присуството.Една од можните компромиси, кој беше споменуван деновиве е дека конференцијата ќе мине без знаци и симболи на државите, а лидерите ќе бидат претставени само со имиња и презимиња. Но по се изгледа ова не е прифатливо за другите учесници на конференцијата.На Конференцијата Македонија ќе ја претставуваат премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, а покрај домаќините Словенија и Хрватска, поканети се и Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија, како и претставници на ЕУ.Доколку дојдат сите поканети, Конференцијата за Западен Балкан ќе биде прва средбана лидерите на државите на поранешна Југославија, по распаѓањето на заедничката држава, пред речиси две децении.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Ќе се повлечам од политиката 10 години под еден услов

Милорад Додик, на кој Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска врз основа на конечна пресуда на Судот на Босна и Херцеговина, понуди да се повлече од функцијата во парламентот на РС за десет години под услов претставниците да ја поддржат одлуката за распишување на претседателските избори од страна на ентитетската изборна комисија, а не од Централната изборна комисија.
„Предлагам претседателот на ентитетската изборна комисија да биде од СДС или ПДП. Но, вие нема да го направите тоа. Вие сакате Централната изборна комисија да ги брои гласовите“, рече Додик.
Тој тврди дека Централната изборна комисија нема овластување да распишува предвремени избори или да му го одземе мандатот: „Централната изборна комисија не може да распишува избори, тоа може да го направи само ентитетската изборна комисија. Нема да добиете нов претседател ако Централната изборна комисија распише избори“, рече Додик.
Тој ја отфрли пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, тврдејќи дека станува збор за политички прогон поради неговото противење на префрлањето на државниот имот на ниво на Босна и Херцеговина. Тој ја обвини меѓународната заедница и дел од бошњачката политичка елита дека го оспоруваат Уставот на РС, а опозицијата дека работи против интересите на ентитетот.
Тој уште еднаш го оспори легитимитетот на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, и неговите таканаречени бонски овластувања, врз основа на кои беше осуден. „Ние го внесовме нашиот суверенитет во Босна и Херцеговина, имавме своја држава. Милорад Додик не е РС, но Додик е претседател на РС“, рече Додик, нарекувајќи го Дејтонскиот договор „измама за српскиот народ“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Вучиќ објави снимка, им даде понуда на студентите, доби веднаш одговор

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обрати на студентите кои речиси осум месеци протестираат против неговиот режим и ги покани нивните претставници на јавна ТВ дебата.
„Предлагам разговор и дебата на сите наши телевизии и портали, со легитимни претставници што тие ќе ги изберат. Подготвен сум да влезам во дијалог, дебата јавно, со тројца или четворица кои размислуваат поинаку. Тие имаат право да го бараат ова од својот претседател, вклучувајќи избори и сè друго“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека целта не е да се победи во дебатата, туку да се најде решение заедно: „Време е секој од нас да си ги покаже своите лица, да се покажат нашите лица и програми. Сакам борба за визии, борба за иднината, да го решиме ова преку дијалог и разговор, без конфликти и насилство. Да ја обновиме земјата и да ја вратиме на вистинскиот пат. Ќе се потрудам да покажам тоа почитување“, напиша тој на Инстаграм.
Можда кад распишеш изборе!@avucic pic.twitter.com/cNZE2Ko6LR
— Poljoprivredni blokada (@agrifblokira) August 22, 2025
Реакцијата на студентите дојде брзо. Студентите на Земјоделскиот факултет во Белград накратко твитнаа: „Можеби кога ќе распишете избори!“
Predsednik nas je pozvao na javnu debatu. Očigledno da nema odgovor na narodni bunt, pa bi sad i da razgovara sa nama koje mesecima naziva teroristima. O vizijama i programima za budućnost ćemo debatovati, u predizbornoj kampanji, kad raspiše izbore.
— Filozofi u Blokadi (@FFUBublokadi) August 22, 2025
Студентите од Филозофскиот факултет, исто така, се изјаснија: „Претседателот нè покани на јавна дебата. Очигледно, тој нема одговор на народното востание, па сега би разговарал со нас, кои со месеци ги нарекува терористи. Ќе дебатираме за визиите и програмите за иднината во изборната кампања, кога ќе распише избори.“
фото: принтскрин
Регион
Две жени се удавија во морето во Бугарија

Два смртни случаја во вода се регистрирани денес на јужниот брег на Црното Море.
Околу 12.50 часот 56-годишна жена од Софија се удавила во незаштитениот дел од плажата „Делфин“ во близина на Ахтопол.
Еден час подоцна, околу 13.20 часот, на јужната плажа во Поморие, во морето почина 72-годишна туристка од Финска, која пристигнала во Бугарија на 16 август со својот сопруг.
Во двата случаја телата се однесени на обдукција во Одделот за судска медицина при Универзитетската болница во Бургас. Работата за расветлување на околностите продолжува.