Спорт
Аргентина со „петка“, Англија убедлива против Мексико

Во подготвителните натпревари во понеделник двата фаворита за светската титула на претстојното Светско првенство постигнаа убедливи победи, додека домаќинот Јужна Африка одигра само нерешено со Бугарија
Англичаните на „Вембли“ го совладаа Мексико со 3:1 со головите на Ледли Кинг во 17., Питер Крауч во 35. и Глен Џонсон, додека за Мексиканците голот го постигна Гуиле Франко во 44. минута. „Во првото полувреме игравме многу добро и многу сум задоволен од мечот во кој постигнавме три гола. Во второто полувреме беше многу полошо заради многуте измени“, изјави по мечот англискиот селектор Фабио Капело. Иако не целосен, аргентинскиот состав едноставно ја прегази Канада во Буенос Аирес, За „гаучосите“ не настапија ниту Лионел Меси кој го истегна мускулот во саботата, ниту Диего Милито, кој денеска треба да се приклучи на репрезентацијата. За Аргентина головите ги постигнаа Макси Родригез – два, Анхел де Марија, Карлос Тевез и Серхио Агуеро.„Не саква да ризикувам со Меси, а сакав на светот да му покажам дек аи без него иамме квалитетна и талентирана екипа“, изјави по мечот Диего Марадона. Јужна Африка во Преторија одигра само 1:1 со Бугарија. Според спортските коментатори, овој меч бил големо охрабрување за домаѓинот на мундијалот, бидејќи покажал дека може да биде рамноправен со солидните европски репрезентации. Јужноафриканците поведоа во 20. минута преку Сиабонг Сангуени а за Бугарија голот го постигна Валери Божинов во 31. минута. Португалија тотално разочара играјчи во Ковиља без голови со Зеленортските острови, докажувајќи дека иако во своите редови го имаат најскапиот играч на планетава Кристијано Роналдо, најголем проблем им е постигнувањето голови. Според новинските извештаи, Португалија на овој меч играла дури со три шпица, Роналдо, Лиедса и Нани, а навивачите четата рпедводена од тренерот Карлос Квеирос ја испратиле со големо негодување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Голема победа на Данска во Атина, Косово ја изненади Шведска, Хрватска лесно ја реши Црна Гора

Данска, Швајцарија, Косово и Хрватска забележаа победи во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Косово, велерва го направи најголемото изнеандување, лесно ја победи Шведска со 2:0.
Избраниците на Франк Фода го решија победникот во првото полувреме со головите на Рексбечај и Муричи.
Во вториот натпревар од оваа група, Швајцарија рутински ја победи Словенија – 3:0.
За првиот гол, Елведи го искористи киксот на Дркушиќ и го совлада Облак. Емболо го зголеми резултатот на 2:0, а Ндоје го заврши одличното прво полувреме.
Хрватите рутински славеа во соседското дерби пред околу 20.000 луѓе на „Максимир“ и го одржаа својот максимален учинок по четири натпревари.
Стрелци за домашниот тим беа Кристијан Јакиќ во 35-та минута, Андреј Крамариќ во 51-та минута, автогол си постигна Едвин Кучо во 86-та минута, а Иван Перишиќ погоди во втората минута од судиското продолжение.
Во оваа група Фарските Острови победија во Гибралтар со 1:0.
Данска забележа голема победа во Атина над Грција (3:0). Грците не беа на висина на задачата. Не упатија ниту еден удар кон голот во текот на сите 90 минути. Тоа им ја олесни работата на Данците, кои обезбедија важни бодови со головите на Дамсгард во 32-та минута и Кристенсен во 62-та минута. Пјер Емил Хајберг асистираше за двата гола.
Конечните 3:0 беа дело на Расмус Хајлунд во 81-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лудница во Дебрецен – Девет гола и победа на Италија над Израел во 91-та минита

Италија го победи Израел со 5:4 (1:1) во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, во Група И.
По нерешениот резултат во првото полувреме, Италијанците губеа со 2:1 до 52-та минута, на крајот од натпреварот беа на работ на нерешен резултат, а потоа направија пресврт и успеаја да ги освојат бодовите во Дебрецен со гол во 91-та минута.
Италијанците не започнаа добро од 16-та минута, Локатели му донесе водство на Израел со автогол. На самиот крај од полувремето, Моисе Кен израмни на 1:1 во 40-та минута, а Израел поведе во 52-та минута, стрелец беше Дор Перек.
Само две минути подоцна, во 54-та минута, Кен повторно израмни, а во 59-та минута, Политано и донесе водство на Италија. Во 81-та минута, Распадори го зголеми резултатот на 4:2 и се чибеше дека тоа ќе биде конечниот резултат.
Нодрамата кулминираше. Италијанците го почестија Израел со уште еден автогол, со што го намалија резултатот на 4:3, а овој пат, Бастони ја затресе сопствената мрежа во 87-та минута.
Во 90-та минута, Перец постигна гол за 4:4, а кога се чинеше дека нерешениот резултат е конечен, Италијанците стигнаа до 5:4 во првата минута од судиското продолжение, а стрелец беше Тонали.
Двата тима освоија по девет бода, но Италија има натпревар помалку одигран и се израмнети на второто место во групата.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Џикиќ од Грузија доби Орден на честа

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, откако со Грузија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство го доби Орденот на честа по предлог на премиерот и претседателот на Парламентот на Грузија.
Селекторот и играчите се наградени со 1.000.000 евра.
Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, објави дека владата ќе издвои три милиони лари (околу еден милион евра) за моменталниот резултат, а истата сума ќе биде обезбедена за секој следен чекор на првенството.
„Бидејќи испишавме историја, сакаме да ја одбележиме на вистински начин. Владата ќе ја награди репрезентацијата и за сегашниот и за секој следен успех на Европското првенство“, рече Кобахидзе на состанокот на владата.
За потсетување, Грузија ја победи Франција со 80:70 во осминафиналето, а ќе игра против Финска во четвртфиналето. Натпреварот е закажан за 10 септември, со почеток во 16 часот.