Македонија
Трибина „ Сите за еднаков свет!”

Трибина на тема “Младите за инклузија и интеграција на лицата со посебни потреби во општеството-Сите за еднаков свет!” ќе се одржи денеска во Градското собрание.
Трибина на тема “Младите за инклузија и интеграција на лицата со посебни потреби во општеството-Сите за еднаков свет!” ќе се одржи денеска во Градското собрание.Темата на трибината е наменета за лица со посебни потреби, на којашто ќе земат учество претставници од Град Скопје, Министерство за труд и социјална политика, училиштата и од невладините организации во земјава, а е дел од реализацијата на младинската акција “Пролетен ден во Европа 2010”.Главниот настан ќе се одржи на 27 март 2010 година, (сабота), во Градскиот парк во Скопје. Оваа манифестација се организира по деветти пат, а настанот беше инициран на локално ниво од Претседателот Борис Трајковски. Настанот истовремено се случува во повеќе Европски градови и е традиција почитувана и во нашава земја. Целта на “Пролетен ден” е да се претстави платформа за младите, преку којашто им се дава можност да ја искажат својата хуманост и чуство за давање помош на оние на коишто им е најпотребна. Воедно, 2010 година е прогласена за година на хуманост и социјална грижа на Европско ниво, со што им се дава шанса на млaдите од Република Македонија да го доживеат овој ден и да се приклучат на европскиот начин на живот, но и да ја искажат својата определба за европска Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.