Македонија
Македонија ги почитува човековите права, но присутни се предизвици

Македонија покажува подобрување во областа на почитувањето на човековите права во 2009 та година, но се уште се присутни постојаните предизвици.Ова се наведува во Извештајот на Стејт департментот за почитување на човековите права, објавен денеска во Вашингтон
Македонија покажува подобрување во областа на почитувањето на човековите права во 2009 та година, но се уште се присутни постојаните предизвици.
Ова се наведува во Извештајот на Стејт департментот за почитување на човековите права, објавен денеска во Вашингтон.
Извештајот за 2009 за Македонија покажува подобрување во спроведувањето на претседателските и општински избори, во споредба со парламентарните избори во 2008.
Според извештајот, прогрес е остварен во издавање дозвола и овозможување соодветна безбедносна заштита за маршот низ центарот на Скопје во ноември, организиран од страна на невладината организација која промовира толеранција за хомосексуалците, бисексуалците, и транссексуалците, под мотото “љубов е љубов”.
Исто така, се истакнува и ноемвриското усвојување на Националниот план за интеграција на бегалци и странци, кој се фокусира на домување, образование, здравство, социјална заштита, вработување и развој на заедницата.
Во извештајот подетално пишува и за ефективните напори на владата и на невладините организации во борбата против трговијата со луѓе и обезбедувањето заштита и помош за жртвите.
Сепак извештајот го насочува вниманието кон постојаните предизвици во многу области во текот на 2009, вклучувајќи ги нецелосна имплементација на судските реформи, меѓуетнички и меѓурелигиски тензии, недостаток на подобрување на условите во затворите, и недостаток на сеопфатно законодавство против дискриминација.
Извештајот го посочува и недостатокот на соодветна заштита на оние кои во март месец протестираа против владините планови за изградба на православна црква на градскиот плоштад во Скопје, што доведе до насилство и попречување на одржување на протестот.
Извештајот на Стејт департментот игра важна улога во напорите на САД за промовирање на почит кон човековите права насекаде низ светот и има за цел да ги зголеми напорите, на светско ниво, за ставање крај на злоупотребата, за зајакнување на капацитетите на државите за заштита на човековите права на сите, и истакнување на оние држави кои не се придржуваат до меѓународните стандарди за човекови права./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изет Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, да ја запре еколошката катастрофа на Кожув, бара АА

Неприфатливото однесување на министерот за екологија, Изет Меџити, укажува на политичка и финансиска заробеност, што го прави заложник на индустријата за игри на среќа и го спречува да преземе неопходни мерки за заштита на животната средина. Упатуваме јасен повик до Меџити и надлежните институции итно да преземат конкретни чекори за запирање на еколошката катастрофа на Кожув, повика Алијанса за Албанците.
„Алијансата за Албанците најостро го осудува невиденото уништување на животната средина што се случува на планината Кожув, каде компанијата во сопственост на Ѓоко Стерјоски – сопственик на мрежата на казина и обложувалници „Спортлајф“ – уништува илјадници квадратни метри шума за тесни бизнис интереси, притоа загрозувајќи ја биодиверзитетот и сериозно ризикувајќи го еко-системот и квалитетот на живот во целиот регион“, велат од АА.
Ова не е само прашање на животна средина, додаваат од партијата, туку и национално и социјално правно прашање.
„Кожув не е приватна сопственост за бизнис интереси – тој е заедничко богатство на граѓаните и мора да се заштити од секоја закана. Алијансата за Албанците ќе продолжи одговорно и целосно ангажирано да ја следи оваа тема и ќе бара одговорност од секој службеник што ги штети интересите на граѓаните и животната средина. Во следните денови ќе објавиме нови факти за поврзаноста на претставниците на коалицијата ВЛЕН со бизнисите на казина“, велат од АА.
Македонија
Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер.
„Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД.
Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции.
Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера.
На листа на санкции со децении се наоѓаат лица ПОРАДИ НАВОДИ за корупција и поткопување на демократските процеси, меѓу нив се наоѓаат политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии, а САД ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање одговорност и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан“, напиша Арсовска.
Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)