Uncategorized
Авионската несреќа одзеде 141 живот
Уривањето на индонезискиот авион врз градот Медан денеска одзеде 141 живот, соопштија индонезиските власти, додавајќи дека од жртвите 111 биле патници и членови на екипажот, а 30 загинале на земја.
Уривањето на индонезискиот авион врз градот Медан денеска одзеде 141 живот, соопштија индонезиските власти, додавајќи дека од жртвите 111 биле патници и членови на екипажот, а 30 загинале на земја.
Шестмина патници ја преживеале несреќата, а местото каде што се урна авионот од типот боинг 737-200 на компанијата Мандала Ерлајнс веднаш беше зафатен од пожар.
Според претставникот на компанијата десетици повредени лица се префрлени во околните болници, а меѓу загинатите е и гувернерот на провинцијата Северна Суматра.
Авионот на Мандала ерлајнс што падна денеска веднаш по полетувањето од градот Медан бил стар 25 години, а последниот поголем сервис му бил извршен во јуни годинава.
Мандала ерлајнс, која се соочува со финансиски проблеми, во својата флота има 15 авиони, од кои повеќето се од типот боинг 737-200.
Денешната авионска несреќа е шеста во последните дваесетина денови. Во несреќите во Перу, Венецуела, Грција и Тунис загинаа вкупно 334 луѓе. Во август несреќа без жртви имаше и на француски авион, кој се запали при слетувањето во Торонто.
Последната авионска несреќа во Индонезија се случи во февруари годинава, кога на Јава се урна помал авион, при што загинаа 26 луѓе.
Најтешката воздухопловна несреќа во Индонезија се случи во септември 1997 година која ербас на компанијата Геруда удри во планина недалеку од местото на денешната несреќа. Тогаш загинаа 232 лица./крај/ста/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

