Свет
Четворица бомбаши-самоубијци ликвидирани во Ингушетија

Четири бомбаши-самоубијци кои се обучувале во база на исламистичките милитанти биле убиени во Ингушетија кон крајот на март, рекол претседателто на републиката Јунус-Бек Евкуров на средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев
Базата којашто се наоѓала во близина на селото Горен Алкун во Сунжетската област беше уништена во комбиниран напад на руските воздухопловни сили и копнена операција. Според Националниот антитерористички комитет (НАК),во нападот биле елиминиран 17 милитанти. „Во таа база се подготвувале бомбаши-самоубијци. Во неа имаше четворица самоубијци, кои, благодарение на добро планираната операција на специјалните сили, беа ликвидирани“, рече ингушетскиот претседател Јунус-Бек Евркуров. Според него, бомбашот-самоубиец кој го извршил нападот на меѓународниот терминал на московскиот аеродром „Домодедово“, исто така, бил обучуван во оваа база на милитантите.По операцијата на руските сили на 28-ми март, беше соопштено дека била уништена база на милитантите во која се подготвувале бомбаши-самоубијци за изведување терористички дејствија на териториите на републиките Северна Осетија (Аланија) и ИнгушетијаЗа време на операциите загинаа двајца припадници на Федералната безбедносна служба (ФСБ) на Русија и еден припадник на министерството за внатрешни работи на Русија. Таа беше спроведена заеднички од ФСБ и Истражниот комитет на Руската Федерација, заедно со Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи како дел од криминална истрага за двата бомбашки напада – во метрото во Москва на 24 јануари 2010 г., во кои загинаа 40 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни избори, заврши. Полициски кордони има насекаде и се обидуваат да ја потиснат масата луѓе. Граѓаните на многу места фрлаат со шишиња, лименки, камења и јајца по полицијата, се жалат дека се чувствува солзавец во воздухот, но велат дека нема да се откажат.
„Бевме пред кордонот полиција, во првиот ред. Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат. Доста е страв, нема понатаму. Ова е нивен крај, не наш. Остануваме до крај“, вели за српската телевизија „Н1“ студентка која на протестот е со мајка си и не сака да си замине.
„Спуштете ги штитовите“ извикуваат граѓаните и не сакат да отстапат. Ставаат маски на лицата и пренесуваат повик „да не се откажуваме, се додека сме мирни, ништо не можат“.
Студентскиот протест на кој беа пренесени пораките за предвремени избори заврши мирно, а инцидентите почнаа во моментот кога студентите ги соблекоа елеците.
Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.
Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.