Македонија
Милошоски: Договорот за демаркација со Косово е национален интерес

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски смета дека договорот за физичка демаркација ги штити националните интереси и ги унапредува билатерланите интереси и соработка меѓу Македонија и Косово.
„Од друга страна има регионално и би рекол европско прашање, бидејќи доколку Собранието го прифати овој предлог каде што имаме одредени балансирани и нужни прилагодувања на самата техничка демаркација на теренот, тоа ќе значи дека Република Македонија ќе биде една од ретките држави во ЈИЕ која што ќе ги има јасно дефинирано и одбележано своите гранични линии со соседите. Тоа е уште прилог во однос на нашата теза дека Република Македонија до таквото демонстрирање на добра волја и наоѓање на взаемна согласност дава придонес за регионалната стабилн ост и за добрососедските односи. Ова е еден исчекор напред и сметам дека Република Косово во текот на денешниот ден на соодветен начин ќе присатпи кон овој договор. Очекувам македонското Собрание да ја прифати важноста одговорноста и зрелоста на овој момент. Ова е еден добар и историски момент во развојот и унапредувањето на нашите доноси и тоа со сигурност ќе биде во полза на македонските граѓани и на нашата држава“, изјави Милошоски.
Запрашан за тврдењата на опозицијата дека со овој договор се нарушува веќе потпишаниот договор со Југославија, Милошоски потенцираше дека со овој договор не се дерогира некој друг договор односно договорот од 2001 година.
„Напротив Договорот за ратификација и обележување на граничната линија меѓу Македонија и Косово се заснова темелно на договорот од 2001 година и е составен на начин кој го овозможува физичкото демаркирање помеѓу Република Македонија и Косово имајќи ги предвид катастарските, економските, енергетските или месните географски прилики на одредени предлени на нашето разграничување. Сметам дека е сосем компатибилен, меѓународно валиден, го склучуваме со субјект којшто го имаме признаено и којшто има право да превзема меѓународни одговорности и чијшто суверенитет го признаваат“, рече Милошоски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин, извести АМСМ.
Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан Фемили па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредниот ден.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Муцунски ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи: зајакнување на односите меѓу двете земји во фокусот на разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во 12:00 часот, во рамки на работната посета на Атина, ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Гераптеритис.
Како што извести Министерството, во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување.
Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници, се додава во соопштението на Министерството.