Свет
Камп на демонстранти подигнат во центарот на Каиро
На плоштадот Тахрир во центарот на египетската престолнина Каиро, кој стана традиционално место за масовни протести, преку ноќта повторно е подигнат шаторски логор на демонстрантите.
На плоштадот Тахрир во центарот на египетската престолнина Каиро, кој стана традиционално место за масовни протести, преку ноќта повторно е подигнат шаторски логор на демонстрантите.Како што јавуваат агенциите, во рамките на подготовките за акцијата „Петок на одмаздата“, во четвртокот од средината на денот на социјалните мрежи се рашируваат повиците до каирската младина за собирот на плоштадот Тахрир.Засега според весникот Al Ahram, бројот на потврдите преку социјалните мрежи за учество на собирот не е голем, но се забележува дека почетокот на протестот најверојатно ќе биде по традиционалната петочна молитва околу 13 часот по локално време (исто и по македонско време).Во четвртокот навечер десетина младешки движења и седум политички партии се вклучија во иницијативата за организирање во Каиро на уште еден масовен протест – „Петок на одмаздата“, во врска со масовните безредија на плоштадот Тахрир кои избувнаа на 29-ти јуни вечерта, кога беа повредени повеќе од илјада луѓе. Од учество во акцијата се откажа движењето „Муслиманско братство“, како и египетските салафити (радикална струја во исламот), кои истакнаа дека новата ситуација во државата бара неопходно нови форми на изразување на јавното мислење, и истапија против претворањето на плоштадот Тахрир кој стана симбол на јануарската револуција со којашто по четири децении беше соборен авторитарниот режим на претседателот Хосни Мубарак, во место на масовни тепачки и скандали.Организаторите на протестната акција предлагаат народот да ги побара и да се имплементираат сите барања од револуцијата од 25-ти јануари. Кон досегашните барања за демократските реформи, младите сега ги придадоа и барањата за казнување високи функционери на египетското министерство за внатрешни кои биле инволвирани во „тепањето и малтретирањето на демонстрантите на Тахрир“. Министерството за внатрешни работи на Египет соопшти дека нема да интервенира на најавените протести. Припадниците на полицијата ќе ги обезбедуваат само објектите во Каиро.Воените сили на Египет во средата навечер ја зазедоа контролата врз плоштадот Тахрир и ги блокираа сите пристапи кон него. Под посебна заштита беше ставена зградата на министерството за внатрешни работи, до која во вторникот и во средата се обидуваа да се пробијат демонстрантите. Војската одлучи да интервенира на каирскиот плоштад Тахрир и да го преземе обезбедувањето на просторот и околните улици во регионот Тахрир откако во средата во вечерните часови повторно почнале да се собираат групи од агресивно настроени млади луѓе, кои извикувале слогани барајќи оставка од министерот за внатрешни работи Мансур ал-Исав. Властите стравуваат од повторување на судирите на Тахрир во кои според египетското министерство за здравство, настрадале 1.114 лица, пишува интернет изданието на дневниот весник Al Аhram.Во вторникот навечер на Тахрир групи млади лица се судрија со полицијата. Во средата областа беше делумно блокирана од демонстрантите а повторно се појавија барикади на улиците. Демонстрантите испровоцираа судири со полицијата.Египетскиот претседател Хосни Мубарак поднесе оставка на 11-ти февруари, откако избувнаа масовните безредија предизвикани од лошата економска ситуација во земјата. Тој му ја предаде власта на Врховниот совет на вооружените сили на Египет. Во последните неколку седмици, се зголемува новиот бран на народното незадоволство против воените власти, кои се обвинуваат за одложување на демократските реформи./ ./крај/аа/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски дипломат: На работ сме на договор за мир во Украина
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави во интервју за Еј-Би-Си дека верува оти страните во војната се „на работ“ на дипломатско решение што би го завршило руско-украинскиот конфликт.
„Подготвени сме да постигнеме договор“, рече Рјабков, додавајќи дека се надева оти спогодбата може да биде постигната „поскоро отколку подоцна“.
Неговите изјави доаѓаат откако претставници на американската администрација сигнализираа дека мировен договор можеби е поблизу од кога било, наведувајќи дека околу 90 проценти од спорните прашања веќе се решени.
И покрај оптимистичкиот тон, Рјабков повтори дека Русија не се откажува од контролата врз Крим, како и врз делови од украинските области Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, што Киев ги смета за неприфатливи услови.
Тој истакна дека Русија нема да прифати присуство на НАТО-сили во Украина, дури ни како безбедносна гаранција по завршувањето на војната.
Разговорите се водат со посредство на САД, како дел од мировната иницијатива на Белата куќа за ставање крај на руската инвазија започната во февруари 2022 година.
Свет
Мерц: САД се подготвени за обврзувачки безбедносни гаранции за Украина
САД се подготвени да преземат правни безбедносни гаранции слични на член 5 од Договорот за НАТО. Ова го изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, цитиран од „News.LIVE“. Повоениот мир за Украина мора да биде обезбеден со материјални и правни гаранции од САД и Европа, нагласи германскиот канцелар Мерц, додавајќи дека сојузниците повеќе нема да ги повторуваат „грешките од Минските договори“.
Овие гаранции треба да бидат сеопфатни, истакна Мерц, додавајќи дека нивната специфична содржина ќе биде разгледана подоцна: „Во случај на нов напад од страна на Руската Федерација, Украина би можела да се одбрани не само сама, туку и со поддршка на оние земји што ќе ги преземат обврските“.
Според канцеларот, Европејците ѝ ги предале на Русија своите предлози за обезбедување безбедносни гаранции и „топката сега е во дворот на Москва“. Мерц го повика Кремљ да покаже дека навистина сака мир и да се согласи на целосно прекин на огнот со Украина за време на божиќните празници.
Веќе има сигнали од украинската страна и од водечките земји од ЕУ дека е можно на крајот да има договор меѓу САД и Украина за тоа како треба да изгледа идниот мир. Но, Русија сепак ќе мора да биде убедена, дури и ако Украина и САД на крајот постигнат договор за Донбас. Американската страна, исто така, била задоволна од тоа како се одвивале преговорите, тврди Ројтерс, врз основа на свои извори.
„Разговорите не се лесни, но се продуктивни“, коментираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и потврди дека Украина и САД имаат различни ставови за судбината на Донбас.
depositphotos
Свет
Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој го објави ова за време на заедничката прес-конференција со Фридрих Мерц на Германско-украинскиот економски форум, пренесува „Европејскаја правда“.
Тој нагласи дека САД дејствуваат како посредник во овие преговори.
„Секако, не сите прашања се едноставни. Постојат сложени работи, особено во врска со териториите. Секако, сите го покренуваат ова прашање. И тука е важно сите ние да работиме на тоа ваквите прашања да се решат апсолутно праведно. Дијалогот за териториите не беше доволен и ми се чини дека досега имаме различни позиции, да бидам искрен, но мислам дека колегите го слушнаа мојот личен став“, рече Зеленски.
Во исто време, тој истакна дека е постигнат напредок по многу прашања за време на неодамнешните преговори.
„Навистина имаше напредок по многу прашања. Искрено, не знам како Русија ќе го перцепира ова – во однос на релевантните резултати од нашите разговори“, нагласи украинскиот шеф на државата.
Во Берлин се одржа состанок на украинската делегација предводена од Володимир Зеленски со претставници на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф денес објави значителен напредок во преговорите.
depositphotos

