Европа
Франција: Синдикатите тврдат дека им е дозволен протестот во Париз

Француските синдикати објавија во средата попладнето дека им е дозволено во четвртокот да го одржат протесниот марш против реформите на законот за труд, откако претходно полицијата објави дека ги забранила протестите, поради стравување од насилства, што предизвика остри реакции од политичарите.
Претставниците на синдикатите во средата попладнето објавија дека владата конечно се согласила да го дозволи демонстрациите најавени за во четврток, откако полицијата претпладнето објави дека го забранила одржувањето на протесната поворка по улиците на Париз.
„По тешки преговори со министерот за внатрешни работи, синдикатот и студентските организации го вратија правото да демонстрираат по маршрутата која ја одреди министерството за внатрешни работи“, изјави на прес-конференцијата Филип Мартинез, од еден од водечките француски синдикати CGT, кого го сметаат за крајно левичарски.
Додаде дека владата, исто така, дала зелено светло за демонстрациите следниот вторник, во пресрет на гласањето во Сенатот за контроверзните предлог реформи на законот за работни односи, за кои социјалистичката влада на претседателот Франсоа Оланд тврди дека ќе го олесни вработувањето, додека синдикатите сметаат дека го фаворизира работодавачите на кои им овозможува да ги заобиколуваат националните закони и можат полесно да ги отпуштаат вработените.
Мартинез пред новинарите застапуваше седум синдикати и студентски организации и здруженија кои се организатори на протестите во четврток. Според него, договорена е маршрута долга 1,6 километри блиску до строгиот центар на француската престолнина.
Се очекува подоцна во средата изјава за медиумите во врска со најавените протести да даде и министерот за внатрешни работи Бернар Казнев.
Париската полиција претходно објави дека го забранила утрешниот протест, поради стравување од повторување на мартовски сцени кога избувна насилство. Забраната предизвика шок во Франција, вклучително и кај поголем дел од политичарите.
Челничката на крајно десната партија Национален фронт (FN), Марин Лепен, изјави дека забраната претставува „капитулација“ пред маскираните демонстранти познати како „casseurs“ (прекинувачи). Во својот твит ваквиот чекор го нарече „сериозно нарушување на демократијата“.
Пратеникот дисидент во владејачката Социјалистичка партија, Кристијан Пол ја осуди забраната како „историска грешка“. „Ова е без преседан. Знам дека постојат ограничувања кога станува збор за одржувањето на јавниот ред, но сепак слободата да се демонстрира е фундаментално“, додаде пратеникот во изјавата за телевизијата BFM TV. /крај/мф/сн
Извор: Local.fr
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин