Свет
Комисијата за пристап до информации затворенa за јавноста
Комисијата се’ уште не го обелоденува
извештајот за 2006 година, велат во „Промедија“
Комисијата се’ уште не го обелоденува
извештајот за 2006 година, велат во „Промедија“
Комисијата за слободен пристап до информациите функционира во затворен
круг, тврдат во невладината организација „Промедија“. Најдрастичен пример за
нетранспарентност е тоа што Комисијата се’ уште не го обелоденува извештајот за
работењето во 2006 година на својата веб-страница. Овластената институција која
низ сопствен пример треба да ја докаже својата отвореност за јавноста,
коментираат во „Промедија“, на овој начин премолчено признава дека е
конституирана само за да ја исполни формата, а не и суштината. Извештајот е
проследен до Собранието, во него нема никакви тајни, а не е објавен, бидејќи во
Комисијата го сметаат како недовршен јавен документ. Една од солуциите за
расчистување на ова нерешено прашање е да се побара автентично толкување од
законодавниот дом како да се постапи. Најапсурдно од се’ е тоа што дури ни
новинарите не можат да го добијат извештајот, бидејќи од Комисијата ги
упатуваат на Собранието.
„Членот 10 од Законот за слободен пристап ги задолжува институциите како
иматели на информации, без посебно барање, да ги направат достапни до јавноста
програмите, стратегиите, ставовите, мислењата, студиите, одлуките, актите и
мерките со кои се влијае на животот и работата на граѓаните. Меѓутоа, голем дел
од органите што трошат јавни пари, како што се на пример јавните претпријатија,
не ги објавуваат своите документи. Уште понелогично е тоа што оваа практика ја
прифати и Комисијата за слободен пристап до информации, која не најде за
потребно да си го објави сопствениот извештај, кој впрочем не е работна, туку
конечна верзија. Со тоа Комисијата која треба да биде најотворена се претвори
во Комисија за неслободен пристап до информации“, изјави Климе Бабунски,
експерт од невладината организација „Промедија“.
Се обидувам да „владеам“ демократски и да го почитувам мислењето на членовите
во Комисијата, кои изразија дилема во однос на објавувањето на извештајот,
потенцира претседателот Јанко Николовски. „Извештајот во коj се обработени
податоци за последните четири месеци од минатата година, колку што работеше
Комисијата, е готов од 31 март 2007. Го испративме во Собранието и чекаме да го
разгледа за да го сметаме како завршен документ. Но, за да не губиме време и за
да не бидеме лош пример, лично од овластените во парламентот ќе побарам како да
постапиме, а да не го повредиме законот“, вели Николовски.
„Промедија“ укажува дека затвореноста на Комисијата може да се види и преку
плановите за работа во иднина, концепт или некоја стратегија, кои, во интерес
на вистината, ги нема. Оттаму, посочуваат дека уште полошо е тоа што постои
генетичка грешка во Законот, која определува членство и на невладин
претставник, што произведе и конфликт на интереси.
„Како е можно Комисијата да го задолжи својот член од Македонскиот институт за
медиуми да конкурира и да добие проект што се однесува на обезбедување финансии
за обука. Тоа претставува затворање на вратите за сите други и класична
проституција во рамките на Комисијата“, вели Бабунски и додава дека Владата го
поддржува конфликтот на интереси.
Во Комисијата немаа никаков коментар за тоа дали потегот со добивање на
проектот значи конфликт на интереси и затворено работење. „Конкурсот од
британската влада беше јавно објавен, јас го открив и ја задолжив директорката
на МИМ, која е член на Комисијата, да се јави за добивање на грантот. Проектот
веќе е одобрен и преостанува само да се потпише договор со донаторот. Владата даде целосна
поддршка за ова“, објаснува Јанко Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

