Свет
Грција доби последен рок, ЕУ има разработен план за нејзино излегување

Европската унија има до детали разработено сценарио за излегување на Грција од еврозоната, која има рок до четвртокот да предаде прифатливо барање за нова финансиска помош или во спротивно нема да може да избегне црно сценарио, предупредија лидерите на европските институции.
„Имаме до детали разработено сренарио за Грексит“, предупреди претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер по завршувањето на вонредниот самит на еврозоната, кој беше посветен на Грција.
Тој додаде дека е разработено и сценарио за хуманитарна помош за да се сочува достоинството на грчкиот народ, како и преферирано сценарио за останување на Грција во еврозоната, но за возврат од неа се очекува да изнесе веродостоен план за реформи како би добила помош.
„Вечерва не постигнавме договор. Новиот самит на сите 28 членки на ЕУ закажан е за во недела“, рече Јункер, додавајќи дека не може да се исклучи ниту една хипотеза. Пред самитот, во саботата предвидено е да се одржи ссотанок на министрите за финансии на еврозоната.
„Состојбата е многу критична и не можеме да го исклучиме црното сценарио. Доколку нема договор до недела ќе мораме да разговараме за последиците за целата ЕУ“, рече претседателот на европскиот совет, Доналд Туск.
„Ова е најкритичниот момент во нашата историја“, порача Туск.
„Цврста реалност е дека сега имаме само пет дена да постигнеме конечен договр. До сега одбегнував да говорам за крајни рокови, но сега морам гласно и јасно да кажам дека крајниот рок истекува оваа недела. Сите сме одговорни за кризата и сите имаме одговорност да ја решиме“, рече Туск.
Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека не е претеран оптимист дека до недела ќе биде постигнато решение.
На прашањето дали може Грција да излезе од еврозоната доколку не изнесе уверливи реформски предлози, Меркел рече дека на самитот во недела ќе биде одлучено дали ќе се отворат преговори за двегодишна програма за помош на Грција.
Меркел информираше дека во вторникот не се разговарало за можноста Грција да воведе паралелна валута.
Таа додаде дека еврозоната стои при своето прво ветување од 2012 година дека ќе го олесни должничкиот товар на Грција доколку ги исполни условите, но не доаѓа в предвид простување на долговите, бидејќи тоа не е дозволено со договорот на ЕУ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.