Свет
Клинтон со подршка до Пакистан во борбата против тероризмот
САД ги подржува пакистанските власти во намерата да се справат со терористите од кои секојдневно страдаат стотици луѓе.
САД ги подржува пакистанските власти во намерата да се справат со терористите од кои секојдневно страдаат стотици луѓе.
Ова во среда го истакна американскиот државен секретар Хилари Клинтон при посетата на пакистанскиот главен град.
– Пакистан е соочен со брутални екстремисти кои убиваат невини луѓе и ја тероризираат целата држава. Сакам да ви кажам дека не сте сами во оваа борба и ја имате нашата целосна подршка. Терористите сакаат да уништат се што ни е значајно, но нема да им го дозволиме тоа, истакна Клинтон, откако утринава во напад со автомобил бомба во Пешавар загинаа најмалку 86 луѓе, а уште 200 беа повредени.
Нејзиниот пакистански колега Сах Махмуд Куреши рече дека насилството нема да влијае на неговата волја да им се спротистави на нападите.
Клинтон меѓу другото додаде дека целта на нејзината посета е да се намали антиамериканизмот што владее во оваа муслиманска земја./крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и САД
Постои само техничко ниво на комуникација меѓу САД и Русија, а не вистински политички дијалог, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Како што знаете, постојат одредени канали на комуникација меѓу Вашингтон и Москва, и воени и дипломатски. Но, тоа се прилично технички контакти, без политички дијалог или дијалог на највисоко ниво што се одвива“, рече Песков, пренесе Тас.
„Њујорк тајмс“ претходно објави, повикувајќи се на извори, дека американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот лидер Владимир Путин наводно одржуваат индиректни безбедни канали за комуникација од февруари 2022 година, почетокот на рускиот напад врз Украина.
Регион
(Видео)Вучиќ: Анкета вели дека мнозинството граѓани на Србија се за моја смена, предлагам референдум
Српскиот претседател Александар Вучиќ проговори за можноста за референдум за негова смена.
„Објективниот и непристрасен CRTA ја извести јавноста дека огромно мнозинство граѓани се за моја смена. Нема покредибилен извор, ниту за меѓународната заедница ниту за политичките партии во Србија, од оваа невладина организација. Се борев за народот и народот е мојата сила. Доколку се точни овие наводи, невозможно е да останам претседател на Србија и затоа опозициските партии треба да поднесат само 67 потписи, а имаат над 80, за одржување советодавен референдум за претседателот на Србија“, рече Вучиќ во видео на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Понудата е повеќе од фер“
Вучиќ рече дека легитимноста е најважна работа во политиката, а суверенитетот секогаш произлегува од волјата на народот.
„Мислам дека понудата е повеќе од праведна. Спротивно на популарното верување, никогаш не ме интересираше владата како таква, ме интересира само напредокот на Србија. Србија не смее да запре. Да живее Србија“, рече Вучиќ.
Свет
Цените за транспорт на нафта вртоглаво пораснаа; Трговците: Виновни се американските санкции за Русите
Цените за транспорт на нафта со супертанкер драстично се зголемија кога САД воведоа нови санкции за рускиот нафтен сектор, предупредија трговците и посредниците во транспортниот сектор. Американскиот Стејт департмент минатиот петок објави дека вовел санкции за руските нафтени компании „Газпром нефт“ и „Сургутнефтегаз“ и 183 брода што превезувале руска нафта, како и трговци, осигурителни компании и транспортери на руска нафта.
САД преземаат сеопфатни мерки против клучниот руски извор на приходи за финансирање на војната против Украина, рече секретарката Џенет Л. Јелен.
Се очекува драстично намалување на руските приходи
Логиката на санкциите е да ја покријат секоја фаза од руското производство и дистрибуцијата на нафта, рече претставник на Белата куќа додавајќи дека нивното правилно спроведување може да ги намали руските приходи за милијарди месечно.
Новите американски санкции ќе му нанесат тежок удар на рускиот извоз и ќе ги принудат Индија и Кина да набавуваат повеќе нафта од Блискиот Исток, Африка и Америка, велат трговците и аналитичарите. Кинеската филијала на „Синопек“ – „Унипек“ – изнајми неколку многу големи товарни бродови (ВЛЦЦ) минатиот петок, кои може да пренесат два милиона барели нафта, а цените на товарот нагло скокнаа, велат извори од индустријата.
На рутата на Блискиот Исток до Кина тие се зголемија 39 отсто од минатиот петок достигнувајќи го највисокото ниво од октомври, на 37.800 долари, изјави неименуван брокер.