Македонија
Политичките партии ќе се казнуваат исто како и правните лица
Политичките партии да се казнуваат исто како и сите правни лица. Со овие измени се создаваат алатки за справувањето со корупцијата во политичките партии
Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик се предвидува забрана за користење на средствата за финансирање на политичките партии од буџетот на државата, доколку партијата како правно лице ги повредила законските одредби кои се однесуваат на финансирањето на изборната кампања. „Во делот на политичките партии во споредните казни се предлага да се внесе споредна казна која е именувана како „забрана за користење на средства за финансирање на политичките партии од Буџетот на Република Македонија“, ако се претпостави дека политичката партија како правно лице ги повредила сите овие законски одредби кои се однесуваат на финансирањето на изборната кампања. И покрај казната која ќе се изрече заедно со таа казна се изрекува и оваа забрана за користење на средства“ објаснува професорот Владо Камбовски.Забраната за користење на средствата задолжително ќе се изрече за сторителот кој ќе биде осуден за овие дела против изборите и гласањето.„Сите дејствија коишто можат другите правни лица да ги направат во смисла на казнени дела, сега е предвидено дека тоа можат да го прават и партиите. Се предвидуваат и одредби со кои на партиите може да им биде изречена една од тие мерки да им се изрече забрана за користење на државни буџетски средства“ објаснува скопскиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.Освен ова, во делот на корупцијата во приватниот сектор се прошируваат инкриминациите на примање на подароци во приватниот сектор.„Досега во приватниот сектор беше инкриминирано само примањето на награда за некој во правното лице да преземе определени дејствија кои се спротивни на законските должности, а сега се инкриминира и активната страна, односно оној кој ја дава наградата затоа да се направи, тоа е пандан на делото „давање поткуп“ како дело против службената должност“ вели Владо Камбовски.Исто така во делот на инкриминации поврзани со заштитата на малолетните лица се воведува посебен регистер за сторители на дела на сексуална злоупотреба на малолетници со тоа што во Кривичниот законик ќе бидат поставени само основите на таквиот регистар, додека во Законот за малолетничка правда ќе треба понатаму да се разработи во која функција и како ќе можат тие податоци да се чуваат, евидентираат собираат, користат.Министерството за правда денеска одржа јавна расправа за измените и дополнувањата на кривичниот законик. Овие измени се очекува до крајот на месецот да се најдат и на владина седница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

