Македонија
Пријави за организаторите на протестот на млекопроизводителите
Полицијата ќе поднесе пријави против организаторите на вчерашниот протест на млекопроизводителите
Полицијата, врз основа на телевизиските снимки и фотографии, ќе поднесе пријави против организаторите на вчерашниот протест на млекопроизводителите.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи(МВР), организаторот е должен да го обезбеди одржувањето на редот на јавниот собир и да организира редарска служба, а секој што го прекршува Законот за јавни собири, ќе биде казнет.
Заради сторени прекршоци по Законот за јавен ред и мир и упадот во зградата на Општина Битола, од страна на СВР Битола се поднесени пријави против 27 лица кои беа идентификувани врз основа на телевизиските снимки и фотографии. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Тошковски да поднесе оставка после бројните скандали во изминатите месеци, бара Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска оценува дека после бројните скандали коишто се случија во изминатите шест месеци Тошковски требаше да поднесе оставка.
„Серијата скандали и неуспеси во изминатите шест месеци ја потврдуваат неспособноста и опасноста од партизацијата на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Скандалите на аеродромот, бегствата на криминалци преку косовската граница, запалените возила, убиствата и секојдневните пресметки на криминални групи, па се до послендниот скандал со пуштањето на Артан Груби се јасен доказ.
Се случи убиство на бизнисмен кај Мавровка, обид за убиство на градоначалник во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица. Дестина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други“, вели Кузеска.
Како што вели, поголемиот дел од овие случаи се уште не се расчитени и сето ова за само шест месеци.
Наместо ред и поредок, граѓаните, додава таа, добија хаос и несигурност.
„Тошковски нема контрола над косовската граница и тоа е серозна опасност за националната безбедност. Две бегства за шест месеци, и за двете Тошковски се обидува да се амнестира. Последниот случај со бегството на Артан Груби е само потврда дека криминалците и терористите можат да го минуваат граничниот премин без проблеми. Замислете, објаснувањето на Тошковски е дека граничниот службеник се „вознемирил“ од политичката тежина на Груби и од луксузот на возилото. Вакви апсурди и скандалозни изговори за бегање од одговорноста досега се невидени“.
Кузеска напоменува дека нема оправдување за сите овие скандали, ниту за враќањето на ВМРО-МВРО, и Тошковски треба да понесе одговорност.
Македонија
(Видео) Спасовски: Власта ја укинува дебатата во Собранието, штанца закони по итна постапка
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денес реагираше во собраниската седница откако власта најгрубо ја крши демократијата, не дозволува дебата и носи закони по итна и скратена постапка.
– Она што ни се случува денес во Собранието и ваквиот начин на функционирање, каде што во моментот ги добиваме точките на дневен ред и не известуваат во собраниските служби, и во ист тој момент се става на дневен ред, тоа го нема во ниту едно слово во деловникот, ниту пак може да се оправдаат ваквите постапки. Мислам дека и потпретседателот и претседателот на Собранието, или кој се учествуваат во креирањето на ваквите седници се однесуваат како целосно суспендирање на парламентот и на дебатата во парламентот. И ова е неприфатливо, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.
Тој потенцираше дека најголемиот дел од законските текстови се однесуваат на усогласувањето со законот на организацијата и работа на органите на државната управа и станува нејасно, како може, министрите, замениците министри, службите, да не знаат дека тоа усогласување треба да го направат до 31. декември.
– И денес по итна постапка, по скратена постапка, сите закони треба да се донесат. Баш денес ли гори, и сега ќе мораме да ги донесеме. Мислам дека ваквото однесување не треба да се толерира посебно од оние коишто доаѓаат овде ни делат лекции во парламентот за демократија, а на ваков начин се однесуваат и не ставаат сите во позиција во којашто целосно го рушиме нашиот систем на парламентарна демократија. Доколку власта смета дека не треба да има никаква дебата или парламент, дајте тогаш да не трошиме ниту пари на граѓаните, ниту ресурси, ниту време. Нека си измислат некој друг начин во кој ќе ги носат законите, повикувајќи се на тоа дека имаат парламентарно мнозинство и дека тоа треба така да се прави, рече Спасовски.
Македонија
Сообраќајна несреќа кај Младо Нагоричане, сообраќајот во прекин
Поради сообраќајна несреќа, патот Куманово – Крива Паланка, кај Младо Нагоричане е во прекин за секаков вид на сообраќај, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.