Свет
Двајца загинати и 200 исчезнати луѓе во лизгање на земјиштето во Колумбија
Најмалку две лице загинаа, а околу 200 се водат како исчезнати под урнатините на десетина згради оштетени во лизгање на земјиштето во Меделин, втор по големина колумбиски град, објавија претставници на локалните власти
„Досега успеавме да пронајдеме две тела на возрасни луѓе. На терен има околу 350 припадници на спасувачките тимови“, изјавил Хорхе Умберто Салазар, портпарол на округот Антиокиа, со центар во Меделин, град лоциран 400 км северозападно од Богота.Претходно еден претставник на Црвениот крст соопштил дека 150 до 200 луѓе би можеле да бидат затрупани по лизгањето на земјиштето што погоди десетина згради. Според директорот на регионалната служба за спасување, речиси 50 илјади кубни метри земја паднале врз зградите.Најмалку 70 луѓе загинале во последниот месец, во сезоната на дождови со посебен интензитет поврзан со климатскиот феномен Ла Ниња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.