Контакт

Свет

WikiLeaks ги објави списокот на најважните природни ресурси во светот според САД

Објавено пред

(проширено) Wikileaks го објави списокот на главните инфраструктурни и природни ресурси во САД и во светот, направен во февруари 2009 г., од минситерството за национална безбедност на САД, на кој се присутни и голем број објекти и ресурси на териториите на супер силите како што е Русија, Кина

dobivaj vesti na viber

Официјален Вашингтон, во понеделникот соопшти дека овие информации може да се искористат од страна на терористите, но Wikileaks изјави дека тие не ги презентираа прецизните локации или други детали за споманитет објекти и инфраструктура.Целта на списокот, како што е наведено во забележката од овој таен документ била „интегрирање на системот на заштита на важната инфраструктура и клучните ресурси во единствената национална програма“ со цел да се спречат можни терористички напади врз определените објекти.Во објавената од страна на Wikileaks , забележливо е што на списокот не влегуваат  толкуи стратешки објекти на територијата на САД, туку повеќе такви објекти и ресурси коишто се наоѓаат на териториите на другите земји.Според експертите на американското министерство за национална безбедност  меѓу најважните објекти на територијата на Русија се нафтоводот „Дружба“, Новорускиот извозен терминал, , нафтеното пристаниште Приморск, делот од гасоводот во реонот на градот Надим и некои рудници на ураниум и никел рудникот, чијашто локацијата не е наведена.Шемата на Wikileaks, итнернет страницата којашто се прочу по својат специјализиранаост за објавување тајни документи, вклучувајќи ја и тајната документација на повеќето министерства и оддели на американската администрација, од минатиот понеделник повторно е во центарот на вниманието по почетокот на објавувањето официјални документи и преписки на американски дипломати. Според администрацијата на сајт, документи во голема мера откриваат дека многу земји ја имаат намалено довербата во САД како дипломатски партнер.Белата куќа ја изрази својата крајна загриженост во врска со неовластеното објавување на официјалните документи, тврдејќи дека со тоа се загрозени правата и животите на луѓето чии имиња се појавуваат во публикациите.Англискиот информативен сервис BBC наведува дека во документите објавени на Wikileaks локаците Девон и Корнвол се наведени како „витални за американската безбедност”. Стејт Департментот на САД во февруари 2009 г. ги задолжува сите американски мисии во странство да ги набројат сите инсталации, инфраструктурата и објектите чие оштетување или друг начин на сибверзивно дејствување врз нив има важно влијание врз американската национална безбедност. На листата се нафтоводи, гасоводи, комуникациски јазли и транспорт центри, наведува BBC.Во Британија на листата објекти се движи од Корнвол во Шкотска, вклучувајќи ги и клучните сателитски комуникации сајтови и местата каде што минуваат транс-атлантската кабли.Капацитети во сопственост на BAE Systems во областа Саутвеј кај Плимут, исто така се вклучени во листата. Како што забележува британската мрежа, голем број од концернот BAE се вклучени во заеднички програми за вооружување со Американците.Во Корнвол, наведени се сателитските објекти во Гунхили Даунс, а се споменуваат и два подморскиот кабли кај Буд.На листа на интересите на американската администрација е и кинескто пристаниште Нингбо  во  југо-источна Кина. Долгаат листа на клучни објекти во целиот свет што во САД ја опишале како од  витално значење за нејзината национална безбедност вклучува и објекти и фирми како што се рудник на кобалт во Конго, фабрика за противотрови за змии во Австралија, фабрика за инсулин во Данска. Во еден од документите се споменува и наводна изјава на австралискиот министер за надворешни работи, Кевин Руд, дека премиерот наводно изјавил на ручекот со американската државна секретарка Хилари Клинтон дека Западот треба да биде подготвен да употреби сила против Кина „ако нештата тргнат на лошо“.Во врска со Катар како стратешко значење се наведува емитувањето на телевизијата Ал Џезира и можноста следната година египетскиот претседател Хосни Мубарак се согласи да направи „траен договор за Палестинците“.Клинтон како што претходно беше објавено ги критикувала како недоволни напорите на Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ и Кувајт, да ги спречат финасирањата на милитантните групи, а саудиските донатори ги означува како „најзначаен извор на финансирање на  сунитските терористички групи ширум светот“. Како пример, се наведува дека наводниот организатор на нападите во ноември 2008 г. во идниската финансиска престолнина Мумбаи, Заки-ур-Реман Лакхви, бил финасиран преку овие донации заедно со основачот на групата, Хафиз Саид Географскиот опсег на документот за инсталации е извонредна. Светските аналитичари забележуваат дека очигледно САД се гледаат себеси како лидер во водењето на „глобалната војна против тероризмот”, а овие документи претставуваат глобален список за клучните инсталации и објекти, многу од нив медицински или индустриски објекти, коишто од некои причини Вашингтон ги смета дека имаат за него витално занчењепретставува глобален директориум за клучните инсталации и објекти – многу од нив медицински или индустриски – тоа се гледа како од витално значење за Вашингтон.Во некои случаи, одредени фармацевтски фабрики или тие што произведуваат крвни продукти се означени дека се од суштинско значење во глобалниот ланец на набавка за САД. Се разбира, критичкото прашање е она што се содржи во заглавието на весникот Times е „Дали е ова навистина листата на потенцијални цели кои може да бидат цели на терористите?“Мрежата стратешки објекти и интереси содржи едноставни описи. Во многу случаи градови се забележани само како локација, но не и вистински адреси на посочените субјекти. Тоа, се разбира, нема да го попречи некој со пристап до интернет. Меѓутоа овој список, како што наведуваат аналитичарите, може да ги поттикне потенцијалните напаѓачи да добијат поширок спектар на цели, особено поради тоа што властите на САД ги класифицирале како толку важни за нив.Исто така противниците на  Wikileaks тврдат дека со ова обајвување се доведуваат во оапсност многу компании и луѓе, а објавувањето на овие документи го коментираат како неодговорно и на границата од криминално дејствие, како што вели поранешниот британски министер за надворешни работи сер Малком Рифкинд. „Ова се вид информации за кои се заинтересирани терористите“.Но авокатот на Wikileaks, Марк Стивенс повторно негираше дека страницата ги ставила во ризик објектите и луѓето. „Не мислам дека има нешто ново во тоа“, изјави тој за BBC.„Она што мислам дека е ново, е фактот дека тие се објавени од страна на Wikileaks и се разбира го имаме факторот Wikileaks, би

Свет

(Видео) Мачна сторија: 98-годишна Украинка пеш, во влечки побегнала од фронтот во Доњецк за да се најде со семејството

Објавено пред

Лидија Ломиковска (98) се споила со семејството неколку дена откако избегала од украинскиот фронт, поради што пешачела 10 километри во влечки.

dobivaj vesti na viber

98-годишната жена која побегнала од територијата во Украина окупирана од Русија користејќи стап, само во влечки, и повторно се споила со своето семејство неколку дена откако биле разделени додека бегале на безбедно.

Лидија и нејзиното семејство одлучиле да го напуштат градот Очеретине, во источниот регион на Доњецк, откако руските војници влегле во него минатата недела и борбите се интензивирале.

– Се разбудив опкружен со пукотници, беше толку страшно – изјави Ломиковска во видео интервјуто што го објави полицијата во Доњецк.

Таа беше разделена од синот и снаите, од кои и едната беше повредена од шрапнел неколку дена претходно. Помладите членови на семејството тргнале по споредни патишта, но Лидија сакала да остане на главниот пат.

Со бастун во едната рака и парче дрво во другата, Ломиковска цел ден пешачела без храна и вода за да стигне до украинските линии.

Ломиковска рече дека два пати паднала и дека понекогаш морала да застане за да се одмори, а во еден момент дури и задремала пред да го продолжи патувањето.

– Еднаш изгубив рамнотежа и паднав во тревата. Заспав малку и продолжив да одам. И тогаш, по втор пат, пак паднав, но потоа станав и помислив, морам да одам, малку по малку – рече Ломиковска.

Павло Дјаченко, портпарол на полицијата, изјави дека украинските војници ја забележале Ломиковска како оди по патот во вечерните часови. Тие ја предале на „Белите ангели“, полициска група која ги евакуира граѓаните кои живеат на линијата на фронтот, кои ја однеле во прифатилиште за евакуирани и контактирале со нејзините роднини.

Ломиковска вели дека ја преживеала Втората светска војна.

– И јас морав да ја поминам оваа војна и на крајот останав без ништо – рече таа и додаде: – Таа војна не беше како оваа. Ниту една куќа не изгоре. Но, сега се гори – му рекла таа на својот спасител.

Извршниот директор на една од најголемите украински банки во вторникот на својот канал Телеграм објави дека банката ќе ѝ купи куќа за Ломиковска.

– Монобанк на Лидија Степанивна ќе и купи куќа и таа безбедно ќе живее во неа додека не заврши војната – изјави Олех Хороховски.

Прикажи повеќе...

Свет

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Објавено пред

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на богослужбата се појавила една млада Полјачка која тврди дека таа е киднапираната Меди.

dobivaj vesti na viber

Кејт и Гери МекКен испратија порака до присутните, која ја прочита пречесниот Роберт Гладстон: „Жал ни е што не можеме да бидеме со вас вечерва. Ви благодариме што се здруживте. Поминаа 17 години откако беше киднапирана. тешко е да се поверува дека помина толку долго време“.

На бдеењето присуствувала Џулија Вендел (22), која тврди дека таа е ккиднапираната Медлин. Во рацете држела писмо кое имала намера да им го предаде на родителите на киднапираното девојче. „Јас сум Медлин МекКен. Никогаш не престанав да верувам во тоа. Дојдов овде да ги замолам Кејт и Гери да направат ДНК тест”, рекла таа по мисата, а пренесува Дејли Мејл.

„Тие не направија ништо за да докажат дека не сум нивна ќерка. Не, не сум луда. Не сум лажгоа“, додала таа. Во селото Ротли се одржа бдение. Семејството МекКен и понатаму се надева дека нивната ќерка, која сега би имала 20 години, е сè уште жива.

Германската полиција, од друга страна, смета дека Меди е убиена и има намера да го обвини Кристијан Брукнер за злосторството. На осудениот педофил моментално му се суди за пет неповрзани силувања и сексуални престапи.

Во февруари минатата година, Џулија на социјалните мрежи објави под нејзиното корисничко име „@IamMadeleineMcCann“ дека таа е исчезнатото девојче. По ДНК анализата било утврдено дека таа на никаков начин не е поврзана со Медлин. Но, Џулија вчера инсистираше дека таа е Медлин МекКен и дека тоа ќе го докаже.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Објавено пред

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е „доказ за очајот на руската државна машина и пропаганда“, пишува „Украинска правда“.

dobivaj vesti na viber

„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на потерницата на руското Министерство за внатрешни работи го покажуваат очајот на руската државна машина и пропаганда. Русите не знаат што друго да измислат за да привлечат внимание“, посочија Украинците. надвор.

„Ги потсетуваме сите дека, спротивно на безвредните руски најави, налогот на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот диктатор Владимир Путин под обвинение за воени злосторства е реален и спроведлив во 123 земји“, додаваат тие.

Русите не го прецизираа написот врз основа на кој е издаден налогот за апсење на украинскиот лидер. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, стои во базата на податоци на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.

Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет6 часа

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет9 часа

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ11 часа

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија11 часа

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ11 часа

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија12 часа

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион14 часа

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет14 часа

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија15 часа

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ1 ден

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија1 ден

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион1 ден

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија1 ден

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија1 ден

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија2 дена

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија2 дена

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија2 дена

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет2 дена

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа2 дена

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...